Синоќа околу 19,40 часот, на ул.„Никола Карев“ во близина на новата Железничка станица во Скопје, нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале повеќе лица, а од страна на непознато лице со тврд предмет најверојатно камен извршено е оштетување на прозорско стакло од автобус на ЈСП бр.70.
Од страна на СВР-Скопје излезено е на лице место, каде се затекнати 11 лица од кои седум се малолетни и со истите во ПС.„Кисела Вода“ е извршен разговор, по што се ослободени.
Во водеото погледнете што забележа камерата на НОВА – еден демолиран меѓуградски автобус, кој во центарот на Скопје донесе ѓраѓани на прославата за пречекот на Јохан Тарчуловски.
Тепачка пред “Колосеум”, во близина на Железничката станица
Во тек се мерки за утврдување на идентитетот и на евентуално други учесници во нарушувањето на јавниот ред и мир и за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.