Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седумдесет години „Танец“ – симбол и амбасадор на македонскиот фолклор

0
By Нова ТВ on June 25, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Формиран со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство и да го претставува во земјата и надвор од нејзините граници, националниот ансамбл „Танец“ вечерва со концерт го одбележа седумдеценискиот јубилеј. Во Националната опера и балет беше претставен само дел од богата ризница што „Танец“ ја чува од основањето на 24 март 1949 година.

Оттогаш ансамблот има бројни кореографии, илјадници концерти низ светот, огромен фонд на песни, ора, оригинални носии и сценски адаптации. Поради тоа и го носи епитетот симбол и амбасадор на македонскиот фолклор, подвижен музеј на македонската духовна култура.

На свечениот концерт јубилејот им го честиташе премиерот Зоран Заев кој рече дека оваа институција е од посебен општествен интерес и наша должност е да ја следиме светлата траекторија по која се движи цели седум децении.  Нарекувајќи го расадник на уметноста и на професионалци, „Танец“ мора, рече Заев, да ја продолжи својата мисија на негување и презентирање на исклучително богатото автентично фолклорно творештво.

– Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар од тапанот и при првиот чекор на ороводецот ни заигруваат срцата, ни затреперува телото. Не само нам, туку и на сите нашинци во дијаспората и на сите луѓе во светот. Затоа треба да сме им благодарни на сите генерации, членови на „Танец“, кои успеаја да го одржат континуитетот на чување на високите вредности што цели седум децении го прават горд нашиот народ, истакна претседателот на Владата, додавајќи дека должност, но и чест е на ансамблот да му се обезбедува сигурна иднина.

Актуелниот директор Мартин Вучиќ истакна дека „Танец“ го задржува стандардот што го поставил уште на првото меѓународно претставување под кој, како што рече, не ни е дозволено да одиме. Традицијата од минатото ја поврзуваат со современите текови и модерните сценски видувања.

-Ние, сегашните, и идните генерации, мора да бидеме во чекор со тие високи критериуми и цврсто да го одржуваме тоа врвно ниво и претпазливо да го надградуваме со нови пристапи и обликувања беа притоа да го осквернавиме, рече Вучиќ.

Со овации од публиката беше поздравен доајенот на „Танец“ Атанас Коларовски, претставник на првата генерација играорци и две децении негов раководител, кому му беше врачена посебна благодарница. Коларовски е автор на неколку кореографии, меѓу кои на ората „Драчевка“ и „Калајџиско“, а во документарецот со кој почна вечерашниот концерт тој ги раскажа сеќавањата од почетоците на ансамблот.

Благодарници им беа доделени и на четворица други поранешни раководители на „Танец“ за особен придонес во неговиот  развој – Томе Димишковски, Бошко Тренески, Марко Колоски и Зоран Џорлев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.