Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седумдесет и четири филма на 34-от „Браќа Манаки“

0
By Нова ТВ on September 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седумдесет и четири наслови од светската и од македонската кинематографија, меѓу кои четири премиери, два кандидати за Оскар, голем број наградувани филмови на светските фестивали, познати автори и филмски таленти ќе продефилираат на 34. издание на Меѓународниот фестивал за филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ што ќе се одржи од 14 до 20 септември 2013 година во Битола.

Фестивалот, кој ќе се одржи под мотото „Пушти ја светлината“ во 10 програмски целини, ќе биде отворен со премиера на македонскиот филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов.

Во главната програма има 12 исклучителни филма. Вип оператор пред најмладите ќе прикаже бесплатно 5 филмови за деца, 11 наслови ќе се „вртат“ во склоп на македонската панорама, 14 краткометражни проекти ќе има во програмата „Short matters!“ на Европската филмска академија. Ќе бидат проектирани 2 филма во чест на лауреатите Хосе Алкаин („Кожата во која живеам“) и Ањес Годар („Дом“).

Централен настан оправдано се очекува да биде Црно-бело со пијано, кога заедно со Кинотека на Македонија, првпат ќе бидат прикажани сите дигитализирани филмови од оставината на браќата Манаки во пијано придружба на групата „Маротови“, што ќе ги евоцира почетоците на филмската уметност и автентичноста на филмот пред неговото озвучување.

Од премиерите, две се во главната програма и по еден во програмата на документарен и на краткометражен филм. Поради голем интерес за филмот „Соба со пијано“ обезбедена е и втора проекција од 23 часот, на која пред публиката ќе се поклони целата екипа. Првпат за публиката ќе бидат прикажани и „Барајќи ја среќата“ на Марија Џиџева за ергените од Битолско кои бараат невести во Албанија и „Слатки“ на еден од најинтригантните израелски режисери, Јосеф Пичадѕе, а македонската премиера ќе има и стоп-анимацијата „Алерик“ на Вук Митевски, којa минатиот месец беше учесник на Сараевскиот ФФ.

-Секојпат велам дека ќе го имаме најквалитетното издание, но сега ќе оставам сами да ја разгледате програмата и да увидите дека овој пат најмногу ќе ги озариме лицата на гледачите со огромен број врвни филмски остварувања и реномирани имиња. Годинава имавме една ретка прилика да бидеме причина за мал, интересен спор. Имено, еден од кинематограферите во главната селекција, г-динот Фред Келемен, самиот инсистираше кај продуцентите на филмот „Слатки“ интернационалната премиера да ја има токму на „Браќа Манаки“. И светските и домашните кинематографери гледаат на фестивалот како на нешто свое. Сметам дека сите заедно ќе уживаме во секој момент од ова издание, токму затоа ги поканувам сите што можат да ни дојдат нагости во Битола – рече Лабина Митевска, директорка на Фестивалот.

На фестивалот ќе гостува дебатниот клуб од Битола Контра кадар со филмска дискусија. Фестивалот ќе понуди и 3 разговори со наградените со наградата за животно дело и со специјалната награда „Златна камера 300“, четири работилници, Втората балканска конференција на директори на фотографија со поддршка на ИМАГО, промоција на книгата „Теоријата и практиката на документарниот филм“ од Антонио Митриќески, сценариското катче, итн.

– Одличниот прием на содржините од минатогодишните програми наменети за најмладите нѐ поттикна годинава да одиме чекор понатаму, па покрај петте најнови филмски остварувања, во рамки на годинaшната „Вип детска програма“, креативните работилници за децата оваа година ќе бидат насочени кон креирање на уметност како спој на креативноста и технологијата – изјави Никола Љушев, генерален извршен директор на Вип.

Платен маркетинг

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.