Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сега е официјално: Промоцијата на новата книга од Бранко Тричковски ќе се одржи на 12 април!

0
By Marija Todorovska on April 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неформалните најави за новата книга на популарниот колумнист Бранко Тричковски, автор со кој се гордее Редакција Фронтлајн предизвикаа голем интерес во јавноста. Голем број читателки и читатели испратија прашања во инбоксот на редакцијата за насловот, промоцијата, обемот и содржината на книгата.

Сега е официјално!

Новата книга на Бранко Тричковски носи наслов ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ. Таа е во издание на Шорткат продукција, најпозната по електронскиот политички весник ФРОНТЛАЈН, каде што Авторот пишува од првиот ден на основањето на 21 септември 2019 година.

Дали ќе има промоција?

Да! Промоцијата ќе се одржи на 12 април, петок, во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.

Колкав е обемот на книгата?

Како и претходната книга на Тричковски, се работи за обемно издание. Книгата е на 635 страници!

Дизајнот на корицата е на познатиот ликовен уметник и дизајнер Зоран Кардула. Графичката опрема на книгата е на тимот на Шорткат продукција. На задната корица се поместени три кратки осврти од Сашо Орданоски, Валентин Нешовски и Џабир Дерала (издавач и уредник). Ќе најдете и кратка биографска белешка со фотографија од Авторот што ја направи познатиот фотограф Чедо Поповски. Во подготовката на овој издавачки проект учествуваше целата редакција Фронтлајн.

На промоцијата ќе говорат издавачот Џабир Дерала, универзитетската професорка и колумнистка Емилија Целакоска и поетот Лазар Попов. На промоцијата се најавува и обраќање од самиот Автор, Бранко Тричковски.

Засега толку. Повеќе информации ќе објавиме непосредно пред самиот настан.

Редакција на ПРВАТА ЛИНИЈА

Бранко Тричковски ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ Промоција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.