Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секнаа парите од „Глобал фонд“ за СИДА и ТБЦ, државата чека на невладините

0
By Менче Атанасова Точи on February 23, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија по 2016-та година нема да добива пари од „Глобал фонд“ за превенција на ХИВ/СИДА и ТБЦ, бидејќи се декларира во средно развиените земји каде годишно има повеќе од 3200 евра по глава на жител.
Доколку поради недостиг на финансиски средства згаснат Програмите за превенција, постои опасност да се зголеми стапката на заболени од СИДА и ТБЦ, предупредуваат од невладиниот сектор.

Почнувајќи од 2004-та година наваму, Македонија аплицирала и добила три гранта за ХИВ/СИДА и два за туберколоза. За превенција и справување со овие болести државата досега добила вкупно 30 милиони евра. Според податоците од невладиниот сектор само за превенција на ХИВ/СИДА годишно се трошат од 800 000 до еден милион евра, донаторски средства од „Глобал фонд“.

Со овие средства се набавуваат шприцови, игли, се врши дистрибуција на кондоми на сексуалните работници и ризичните групи, се прави едукација, се печатат материјали за превенција и едукација. Но, грантовите завршуваат во 2016-та година, по што државата нема право повеќе да аплицира за нови финансиски средства.

По ова Македонија мора да изнајде начин како ќе ги финансира превентивните програми против овие опасни болести, бидејќи во спротивно постои опасност да букнат на овие простори, а државата да не може да се справи со нив.

НОВА побара одговор од Христијан Јанкулоски, претседавач на Националниот координативен механизам, тело одговорно за имплементација на грантовите од „Глобал фонд“за СИДА и ТБЦ. Тој ја потврди ја потврди информацијата и потенцира дека од „Глобал фонд“ бараат Министерството за здравство да изготви анализа што ќе биде понатаму и како ќе се изнајдата средства за превенција од овие болести. Она што ги интересира донаторите, е како во иднина државата планира да го организира овој дел вели Јанкулоски.

-Клучно е Македонија да најде начин како ќе ги финансира Програмите за превенција од овие болести. Донаторот на овие финансиски средства бара државата да подготви сериозна стратегија како ќе ги покрие Програмите и како ќе најде начин да ги финансира понатаму,изјави за НОВА Јанкуловски.

Во Проектната единица на Министерството за здравство потврдуваат дека Македонија повеќе не спаѓа во групата на земји кои се подобни за аплицирање до „Глобал фонд“за грантовите за борба против СИДА и ТБЦ,како и дека за две години државата треба да ги превземе основните превентивни активности.

До 2016-та година средствата се испланирани во детали за тоа како да се спроведат активностите предвидени со работниот план, согласно буџетите од Глобалниот фонд стои во одговорот што го добивме од Проектната единица во МЗ.

Од таму објаснуваат дека по завршувањето на грантовите заедно со невладините организации треба да изготват стратегија со која ќе се обезбеди континуитет во спроведувањето на превенцијата. Тоа значи дека невладините организации треба да најдат други донатори за превенција од овие болести.

-Една од основните задачи на Проектната единица на МЗ е да ги подготви НВО за аплицирање на грантови од други донатори и да понуди примери за одржлив развој. Исто така треба да се направи скенирање на расположливите средства во земјата, владини, донаторски или приватен сектор кои може да се искористат во превентивните активности. Истражувањето треба да заврши до крајот на оваа година, изјави за НОВА Александар Арников, проект менаџер за ХИВ/СИДА програмата од Глобалниот фонд.

Инаку, вториот дел од грантот за превенција од ТБЦ беше добиен во октомври минатата година, а треба да заврши во септември 2016-та година. За месец-два државата треба да аплицира за финансиски средства од грантот за ХИВ/СИДА. Овој грант завршува во декември 2016-та година .

Тоа се последните пари што ќе ги добие Македонија за превенција на болестите кои преставуваат сериозна закана за човештвото. За две години државата треба да започне сама да се справува со превенцијата и лекувањето на овие болести, да направи издржана стратегија и што е најважно да најде начин како ќе обезбеди финансиски средства за да се справи со овие болести. Во спротивно, опасноста од ширење на СИДА и туберколоза тропа на нашата врата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.