Не мора да значи дека ако Скендер Реџепи не сака да стои на иста листа со Левица дека мнозинството го немаме, истакна претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села пред Собранието. Тој кажа дека партиите од опозицискиот блок прават се само Заев да го одржи зборот и да си поднесе оставка.
-Ако се зборува за антиалбанска и анти-НАТО албанска партија, зошто зборуваат само за Левица која е нова и мала партија? Зошто не зборуваат за ВМРО и СДСМ, или се чуваат затоа што еден треба да седнат со нив и да разговараат за влез во Влада, подвлече.
-Што се однесува за НАТО, НАТО е завршена работа. Новото парламентарно мнозинство е направено со цел рушење на оваа Влада, додаде Села.