Претседателот на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села за Алсат М изјави дека за него е единствено прифатливо ако во одредени државни институции, како на пример на министрите во Владата да им се овозможи да зборуваат на албанскиот, но и материјалите од седниците да бидат преведувани.
Еден ден под средбата на работните групи на ДУИ и Алијансата, тој изјави дека тие го разгледуваат предлогот на СДСМ, но нема да чекаат законските решенија со кои се дефинираат правата на Албанците да ги предложат македонските партии.
Зијадин Села сепак изрази подготвеност да му ги даде безусловно потписите на СДСМ потписите, а дури потоа, откако Заев го добие мандатот, да се преговара за условите за формирање на новата влада.
-Уставот многу јасно во петтиот амандман, став два вели: јазикот кој го зборуваат 20% од населението исто така е службен јазик. И писмото исто така е службено. Ако во Собранието се дозволува зборувањето на албански, а нема превод на материјалите, тогаш тоа е прекршување на Уставот. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме со предлог да дојде Заев или Груевски, туку тоа ќе го направиме самите и ќе условуваме тие да ги подржат, изјави Села.
За него идеално решение би биле уставни измени каде албанскиот јазик ќе биде дефиниран конкретно како службен јазик, а не како јазик кој го зборуваат 20% од населението.