Премиерот Зоран Заев денеска си направи селфи со новинарите и снимателите кои секојдневно го следат на неговите настани. Преку социјалните мрежи тој ја потенцираше улогата на медиумските работници во точното и вистинито информирање на јавноста.
„Секоја чест за медиумските работници кои посветено и професионално ги следат теренските случувања и за тоа ја известуваат јавноста. Вашата улога во услови на КОВИД-19 пандемија е особено важна за навремено и точно информирање на населението. Ви честитам на ангажманот, продолжете посветено, почитувајте ги мерките!“, напиша Заев.