НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Село гори, баба се чешла

0
By Менче Атанасова Точи on April 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство повторно е во посета на болница. Тодоров е неуморен, ја преора државата посетувајќи болници. Ама, Македонија е толку мала што мора во месецот најмалку по пет пати да оди во секоја од нив. Кога се мора, ништо не е тешко!

Не, не е таму заради болните за да ги посети и да им вети подобри услови во болничките соби, храна која е на ниво на човечко достоинство, дека ќе се погрижи за лебарките кои ноќе им лазат по креветите и шкафчињата, можеби и по главите, дезинифекција на зидовите по ходниците кои с е неисчистени со децении. Министерот Тодоров бара болници каде што не се сликал до сега. Но, бидејќи ги помина сите кои се за пред камера и приемчиви за човечко око, повторно и повторно се враќа во некоја која е зацртана во агендата од неговиот тим.

При посетата задолжително е сликањето со директорот, изјава пред камерите за нешто што му смислил неговиот пи-јар и така си ја тера предизборната кампања на ВМРО ДПМНЕ. И директорите се изморија од неговите посети, постојано мора да се на штрек, да се фалат со нешто, ама во душата им гори од долгови кои им натежнале над глава. Должат на добавувачите со лекови и медицински потрошен материјал, имаат долгови за парно, струја, вода. Се блокираат сметки, се редат тужби. Па, уште и прескапите реагенси им фалеа од тендерот на Министерството за здравство кои треба да ги набавуваат задолжително во наредните три години. Ама, договор си е договор, мора да се потпише, во спротивно лета директорската фотеља и некои привилегии кои доаѓаат со тоа.

Што има чудно во сето ова? Треба да се прави како ќе им се каже и да се издржи со стиснати заби. Што има па новинарите тука да се мешаат? Доколку пишуваат промотивно и тие се добредојдени, ако не, треба да с е прогласат за непријатели и да им се забрани влез уште од ходникот на болницата. Како што, впрочем и го прават тоа некои од директорите. Пред некој ден Тодоров беше во прилепската болница која е длабоко во долгови и најави дека ентериерно ќе се реновира со пари од Министерството за здравство. Кои пари? Тие што се заштедија од инсулините или од цитостатиците? Или од парите за Програмите кои Министерството со години не им ги исплаќа на болниците? Патем, колку програми од Министерството за здравство за превентива не се реализираа иако се предвидени финансиски средства за нив? Води ли некој евиденција за тоа?

Кога сме веќе кај прилепската болница, до каде е со истрагата за случајот со 21 годишната родилка која почина во февруари, го праша некој министерот за тоа? Да, знаеме формирана е комисија. „Ако не сакаш да решиш некоја работа, тогаш формирај комисија“, рекол Черчил, а Тодоров сфатил дека тоа е вистинската работа за него. И постојано формира комисии, за сите грешки и смртни случаи на родилки, за се има комисии, ама резултати од сработеното нема.

Пред некој ден една фотографија направена во операциона сала во гевгелиската болница ги запали страстите на граѓаните. Медицинска екипа си правела селфи додека пациентот лежи на операционен стол под анестезија, со отворен стомак и во локва крв. Фотографијата потоа една од докторките ја ставила на социјалната мрежа Фејсбук и така стигна во јавноста. Таа докторка е анестезиолог и е пратена од КАРИЛ бидејќи во гевгелиската болница нема анестезиолози. Двајцата беа суспендирани кога почина родилката и нејзиното бебе, а тие ја породувале пијани за време на операцијата со царскиот рез. Директорот тогаш најави дека може да си даде оставка, ама не го стори тоа. Се најде виновникот и тој остана во директорската фотеља. А, во болницата се редат скандали. Докторите и сестрите си прават селфи во операциона сала, оперираат непрописно облечени, внесуваат мобилни телефони внатре, а директорот ќе формирал комисија што ќе предложи дисциплински мерки. Село гори, баба се чешла. Министерот пак, не се изјасни за случајот.

Правилникот за хоспитална култура кој го промовираше јавно, очигледно не дава резултати. Тоа не го стори ниту Лекарската комора. Пред два дена Тодоров пушти во употреба нов апарат за копјутеризирана томографија во болницата „8 Септември“. Ова е само дел од новата опрема за болницата која ја најави Тодоров во вредност од два милиони евра. Добро е да се обнови опремата, но добро е и да објасни зошто оваа болница е една од најзадолжените иако има зголемен обем на здравствени услуги. И како парите од Програмите што ги должеше Министерството продуцираа долгови.

Не е подобра состојбата ниту во другите болници во државата, сите имаат огромни долгови, ама тоа не се кажува пред камерите. И наместо челниците во здравството да се занимаваат со сериозни проблеми, со малите буџети на болниците, со долговите кои впрочем се продуцираат и благодарение на Фондот и на Министерството кои не ги плаќаат редовно здравствени услуги или парите од програмите, тие станаа експерти во правење на спинови. Секогаш кога треба да се тргне вниманието од актуелните политички проблеми ќе се појави некоја нова болест, непозната за овие простори, ќе излезат со драматични изјави не водејќи сметка за последиците. Така се појави еболата, скандал со кој се обрукавме пред светот, кога луѓе две недели непотребно се држеа под карантин. Последно, јавноста беше вознемирена од информацијата дека бебе од Дојран најверојатно има зика вирус.

Не се штедеа семејствата на наводно заболените, се откри нивниот идентитет, во јавноста излегоа фотографии од тримесечното бебе и неговите родители. На крајот излезе дури и градоначалникот на Дојран да каже дека бебето нема зика вирус, туку мала глава како и неговиот татко. Ете, со такви работи се занимаваат експертите и првите луѓе во здравството. Се заплашуваат и им се трга вниманието на граѓаните од сопствените проблеми, од тоа дека немаат пари да го истуркаат ниту половина од месецот, се до актуелната политичка состојба во државата. А, агендата со задолжителна посета на болниците неуморно се спроведува, секој ден, седум дена во неделата. Туку, јас пак ќе се вратам кај лебарките.

Ми останаа во длабоко сеќавање пред три години кога лежев на Инфективна клиника борејќи се со високата температура. Додека медицинските сестри се трудеа околу мене и се радуваа на секој паднат степен од топломерот, јас лежев и беспомошно ги набљудував лебарките како слободно се шетаат низ болничката соба. Не, не дека немав мака, се борев за живот тие денови кога и новогодишните празници ги поминав во кревет околу кој безмилосно лазеа лебарки. Рој лебарки по чашите, по хигиенскиот прибор, по приборот за јадење.

Тогаш навистина посакав да дојде на клиниката министерот Тодоров. Дури и му напишав отворено писмо, кога закрепнав. Тодоров не дојде, беше зафатен со новогодишната еуфорија и со подготовка на нова агенда за посета на болници за наредната година. Јас отвореното писмо не го објавив, но еве сега му порачувам дека е добро да прошета и по скопските клиники и низ болниците во државата , да види во какви услови се лекуваат пациентите. Дека не е се до скапите апарати, туку има нешто што се вика достоинствено лекување. Да оди кога камерите ќе згаснат и новинарските екипи ќе заминат, како човек и министер кој вистински ќе се заинтересира за реалните проблеми во здравството. Да ги посети болните. За сликање и сечење ленти, секогаш ќе има време.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.