Камерата на Нова регистрираше семејно гласање во Кочани, во избирачкото место со број 845 во ромското маало.
Иако гласањето се одвиваше на очиглед на целата изборна комисија, немаше никаква реакција од надлежните, а двојката која гласаше потоа мирно си ги спушти ливчињата во кутија.
На истото место и претходно беа регистрирани проблеми со избирачкиот список и семејни гласања.