Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејствата бараат споменик на бранителите кај Карпалак

0
By Нова ТВ on August 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со полагање цвеќе и панихида денеска пред спомен-плочата беше одбележана 12-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски припадници на АРМ во месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје.

Семејствата на загинатите бранители побараа државата покрај плочата со имињата на загинатите кај Карпалак да постави спомен обележје како своевиден знак за благодарност кон тие што загинале во нејзино име.

„Остануваме на барањето што поскоро на Карпалак да биде подигнат споменик на загинатите бранители од прилепско“, рече Вецо Секулоски, брат на загинатиот бранител Пецо Секуловски.

Претставниците на здруженијата на бранители уште еднаш побараа сите тие да се здружат под едно централно здружение со што полесно би ги оствариле правата на своите членови и нивните семејства.

– Државата помогна што можеше да помогне, но животите на овие малди луѓе нема да се вратат, рече Пецо Петрески, брат на загинатиот бранител Марко Деспотоски.

На 8 август 2001 од конвојот со над 100 воени резервисти загинаа 10 прилепски бранители. Семејствата на загинатите, преживеаните од конвојот, здруженија, претставници ор АРМ и Касарната, од локалната самоуправа положија цвеќе пред спомен обележјето во кругот на касарната.

Прилепските бранители Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко заслужија во кругот на оваа касарна да имаат катче посветено на нив каде ќе можат граѓаните на Прилеп, а посебно учениците да дојдат, да го почувствуваат патриотизмот и да учат како се сака и брани татковината, затоа и ќе се реновира спомен собата.

Голем е револт кај бранителите и кај прилепчани бидејќи и по 12 години убиството не се знаат сторителите, многупати досега спомен обележјето кај Карпалак беше уништувано.

„Нека им е вечна славата на македонските бранители кои загинаа на денешен ден пред 12 години во заседата кај Карпалак. Ние, кои останавме живи, никогаш нема да ги заборавиме.
Ниту нив, ниту нивното дело за Македонија“, напиша на својот ФБ профил Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.