Екс разузнавачот Александар Диневски кој беше осуден на 4,5 години затвор во процесот „Шпион“ се држи во притвор во лоша здравствена состојба, алармира потесен член на семејството.
Нова во целост Ви го пренесува писмото од член на семејстовото на Диневски, кои бараат одговорност од надлежните за тоа што му се случува на Александар во моментов.
„Александар Диневски сè уште го држат во притвор веќе две недели и покрај предупредувањето на докторите дека проади лошата здравствена состојба тој мора да е под соодветна медицинска терапија и плус да прима 18 часа кислород на ден и не смее никако да се врати во притвор, бидејќи таму нема услови.
Адвокатот поднесе барање за домашен притвор уште пред две недели и сè уште не е одговорено ништо. Извори од судот ни рекоа дека случајот бил во рацете на Обвинителството и дека можно е намерно да е одложуван. Со овие нечовечки и злобни постапки јасно кажува дека не е целта да го осудат Диневски.
Меѓународните фактори во земјата да го имаат овој случај во предвид и да сторат што можат за на Александар да му се овозможи соодветна професионална медицинска нега и домашно лекување. За ова што му го прават на Александар Диневски некој ќе сноси голема одговорност.“
Член на потесното семејство.
>> Александар Диневски е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија
>> Диневски бара ослободување од притвор – штрајкот со глад трае веќе 9 денa
>> Соколов: Груевски знаеше за „Шпион“, Диневски е политички затвореник

