Семејството на Марјан Тушевски кој беше убиен пред повеќе од десет години во центарот на Скопје бара отштета од вкупно 5,4 милиони денари нематеријална штета за душевна болка, стрес, претрпен страв, јавува Макфакс.
Ќерката на Тушевски, Ива Тушевска и неговиот татко Димитар бараат по 2,7 милиони денари од обвинетите.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година кога излегувале од кафулето „ЗУ” во скопската населба Капиштец. Нивното убиство почна да се расветлува по повеќе од десет години.
По завршните зборови на обвинителката која го повлече обвинението за 5 мина обвинети а за останатите, меѓу кои е и Љубе Бошковски побара казни.