Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сергеј Лавров: Во наш интерес е да не се распарчи Укрaина

0
By Нова ТВ on April 23, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колумна за НОВА

Автор: Украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук

На светов нема поголем бранител на интересите на Украина, нејзиниот територијален интегритет и стабилност, од Русија. Руските официјални лица не се изморуваат од тоа да не убедат во тоа нас и меѓународната заедница.

“За да се сочува оваа земја стабилна, за да се сочува таа пријателска и во поглед на нас, и во поглед на Европа, во никаков случај не смее да се распарчи на делови”, изјави министерот за надворешни работи на РФ С. Лавров.

Расколот на Украина е поволна само за Западот, бидејќи тоа «значи само едно – веднаш од европската страна, од натовската страна ќе има обиди да се направи Украина антируска», иако за тоа најмногу придонесува самата Русија.

За да се спречат подмолните планови на лицемерниот Запад, кој криејќи се зад демократските слогани, навистина само чека поволен момент, за да ја претвори Украина во антируски бастион, Русија отпрво го анектира Крим, тоа не се смета за раскинување на парчиња, а потоа ја започна војната во Донбас.

Поради претворање на Украина во «неутрална земја во воено-политичка смисла» во пограничните со Украина Валујски и Каменски-Шахтински реони на Белгородската и на Ростовската област продолжува акумулирање на воена техника и персонал на руските Вооружени сили.

На териториите на Краснодарскиот крај, на Ростовскта област, а исто така и на времено окупираната Автономна Република Крим забележано е одржување на вежби на армиската авијација.

Руската Федерација продолжува да испорачува оружје на незаконските вооружени формации во Донбас, а исто така го зголемува персоналот во зоната на конфликтот.
Според оценките на експертите во текот на двата последни месеци во руските «продавници» било «куплено» и испорачано на «рударите и трактористите» на Донбас: околу 70 единици ракетни системи (вклучувајќи и «Торнадо»); околу 30 единици оклопни возила; околу 45 единици оклопни транспортери; околу 200 тенкови (вклучувајќи и Т-80); оклу 900 товарни возила со муниција и други средства за логистика.

Министерството за одбрана на РФ нема информации за можно постоење кај доброволната војска на југо-истокот на Украина на современо руско оружје, изјави заменик-министерот за одбрана А. Антонов.

“Јас не знам за такви случаи и не можм да потврдам дека кај доброволците има таква техника» – рече тој на 18 април во интервјуто во етерот на радиостаницата «Ехото на Москва».

Според податоците на Генералштабот на Украина, на истокот на нашата држава продолжуваат да престојуваат 15-тата одделна моторизирана пешадиска бригада на 2-та армија на Централниот воен округ, 8-та одделна моторизирана пешадиска бригада, 331-от воздушно-десантен полк од Кострома на 98-та воздушно-десантна дивизија и многу други.

На тоа Русија (имено Русија, зашто милитантите во Донбас, ограбувајќи се, што само можеше да се ограби, се наоѓаат под нејзин целосна издршка) троши стотици милиони долари – пари кои се толку неопходни денес на руското општество и на земјта во целина, која доживува една од најлошите економски кризи во својата историја.

Само еден плотун од РСЗВ «ГРАД», кои за време на борбените дејствија во Донбас се случија илјадници, ги чини плаќачите на данок во Русија десетици илјади долари.

Во меѓувреме, Министерството за вонредни состојби на Русија му откажа на санкт-петербуршкото општествено движење «Пролет» во помош за транспортирање на хуманитарен товар во Москва за праќање со авион на настраданите од пожар жители на Хакасија, бидејќи «сите возила се во Донбас».

Вистина, РФ при тоа не се гнаси од украинската сопственост: 27% од индустрискиот потенцијал на Донецката и на Луганскта област, опремата, што се наоѓаше во украинските фабрики, беше демонтирано и извезено во Русија.

Во февруари официјалниот “Руски весник” не срамејќи се, со гордост соопшти за тоа дека украдената Луганска електромашинска фабрика со уникатна опрема почна да работи во Каменски-Шахтински на Ростовската област: “На пустите платформи на фабриката за машини Каменски одново затрепери животот. Со ново сребро испрскана скромна, но со вкус напарвена фирма “Фабрика за транспортна машиноградба Каменски – КЗТМ”. Тоа е новиот руски назив на Луганската фабрика за електромашиноградба.

Некогашната украинска фабрика успешно се вградува во економијата на Русија. Веќе направи свој придонес во програмата за увозни замени: среди излез на продукција, филтри и рударска опрема и опрема за обработка, која порано руските претпријатија ја купува во Германија”.

Така Руската Федерација, раководејќи се со наивниот принцип «колку погол, толку поумен», се обидува да ги намали ефектите од воведените од Запад санкции.
Во контекст на изложеното, фразата на С. Лавров добива застрашувачка нијанса и во директно, и во преносно значење, од геополитичко гледиште, од гледна точка на материјална корист, бидејќи од Русија се е направено токму спротивното.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.