Поранешниот претседател на Јужноафриканската република, Нелсон Мандела е во болница, неговата здравствена состојба е сериозна, но стабилна.
94- годишниот Мандела веќе четврти ден е во болница во Преторија, заради последици од инфекција. Вчера вечер во болницата го посетиле неговите роднини и пријатели, како и неговата поранешна сопруга Вини Мадикизела Мандела. Неговата ќерка Зенани Мандела се врати од Аргентина, каде што е амбасадор на Јар, за да биде покрај својот татко.
Претседателот на Јужноафриканската република, Џејкоб Зума се сретнал со лекарскиот тим за да лично се информира за состојбата на Мандела, по што изјави дека состојбата на јужноафриканскиот лидер е сериозна но стаиблна, јави Би-би-си.
Мандела бил хоспитализиран во саботата и ова е трет пат оваа година, тој да се лекува во болница.