Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сестрата на Зигмунд Фројд“ создаде ентузијазам од планетарни димензии

0
By Нова ТВ on October 24, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Л Телеграм“ (“Le Telegramme”): „Исклесаните ликови, прецизниот стил и ерудицијата во романот, на Гоце Смилевски му обезбедија интернационалната критика да го споредува со Гинтер Грас.“

По првичните високи оценки за француското издание на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски, објавени во парискиот дневник „Фигаро“, во неделникот „Пари Мач“, како и во „Медиапарт“, потпишани од критичарите Астрид де Ларминат, Франсоа Леставел и Домоник Конил, медиумите во Франција продолжуваат да го свртуваат вниманието на читачката публика.

Во угледниот париски „Л Поан“ (“Le Point”) се огласи Ерик Ноло, еден од најпознатите современи француски критичари. Согледувајќи го делото „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во контекстот на актуелните книжевни текови, Ерик Ноло подвлекува: „Романот на Смилевски создаде ентузијазам од планетарни димензии.“

Дневниот весник „Л Телеграм“ (
“Le Telegramme”
) во својата анализа се задржува на идеите врз кои е создаден романот на Гоце Смилевски. Повикувајќи се на американската критика, која по објавувањето на „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во издание на „Пингвин“ од Њујорк констатира дека романот е „вистински скапоцен камен, длабоко потресен, едноставно речено, неодминлив“, критичарот на „Л Телеграм“ пишува: „Исклесаните ликови, прецизниот стил и ерудицијата во романот, на Гоце Смилевски му обезбедија интернационалната критика да го споредува со Гинтер Грас.“

Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ на француски јазик се појави во издание на „Белфон“ од Париз, а во превод на Харита Вибрандс и Артур Вибрандс. Делото веќе доживеа промоција во Париз, како и на Саемот на книгата во Нанси.

За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија, а минатата година Наградата за медитеранска култура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.