Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сетстат и Мирко Попов: Во ритамот на модерните шлагерски танци

0
By Нова ТВ on October 26, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Слободата на звуците од висококвалитетниот модерен џез бенд Сетстат и слободата во начинот, дејствувањето и изразот на лириката на Мирко Попов е причината што овие зрели и отворени музичари се имаат најдено на интересна фрекфенција во музиката, а нивниот заеднички слободен дух има добиено автентична музичка џез форма.

Идеите на Сетстат се резултат на современото урбано живеење, но под силно влијание на традиционалното музичко богатство, а нивниот континуитет во созревањето има создадено специфичен и уникатен звук, кој го зачувува македонскиот карактер. Тој уникатен звук е добиен со фолк ритми, мелодии и мотиви како позадина, кои наместо да ја разделуваат и преуредуваат музиката, тие овозможуваат поголема слобода во изразувањето и дозволуваат влијанија на многу други музички форми. Зад себе имаат седум албуми, меѓу кои последните два со Мирко Попов.

Покрај сето незнаење и незаинтересираност за култура на масата, во еден подолг период на Македонија, директно или индиректно и беше извршувано културолошко помрачување на секое поле, каде беа вклучени уметници кои прегазија преку својата идеја и авторитет. Тоа предизвика зацврстување на малцинството достојни уметници, оние кои се свесни за квалитетот и потенцијалот и безрезервно ги преточуваат нивните идеи во дела. Нашето општество со искривени вредности стана главна инспирација за сите творци, а јадрото на малцинството уметници критичари се зацврсти, што значи се побрутално почна да се прикажува суровата реалност.

Навидум неспојлива е врската помеѓу Мирко Попов и Сетстат, но тие во 2015 година се преплетуваат и фузионираат, а тоа резултира со откривање на нова музичка перцепција. Извонредниот и бескомпромисен албум „Се Плашам од Македонци“ е дело на трилатералната соработка – Сетстат/Мирко Попов/Никола Коџабашија. Секој е подеднакво вреден со својот придонес за обликувањето, достигнувањето и испраќањето на пораката. Албумот е провокативен и брутално ја прикажува суровата реалност, само и само за да безмилосно допре до сржта на слушателите.

Деновиве го промовираат новото „ЕР“ издание „Лунатика“ кое има различна тематика, носи нова свежина и ја негува македонската музика од 70тите со еден модерен и урбан призвук, во ритамот на модерните шлагерски танци.

Во 2015 година, во вистински момент, се надевам инспирирани од состојбите во општеството со Сетстат и Никола Коџабашија го извадивте албумот „Се Плашам од Македонци“ кој има доста интересна тематика, а мене лично пријатно ме изненади новиот момент во музиката. Албумот допре до оние кои се желни за нова музика, а можеби и до случајни слушатели кои налетале на него. Што мислиш за првиот албум, како сам би го критикувал и каде се надoградивте сега?

Музичкиот материјал од албумот „Се Плашам од Македонци“ ми беше понуден во готова форма, со простор да напишам зборови и да ги надоградам на она што е веќе готово снимено и смиксано. Материјалот ми се виде обемен и комплексен, но во исто време беше вистински предизвик за мене. Како голем фан на музиката на Сетстат, чувствував одговорност, но и голема привилегија дека можам да работам на нивниот материјал. Можеби затоа од мене излезе најкревка, најинтимна и најискрена емоционална лирика. Одамна не се бев така широко и непромислено отворил кон себе и светот, и мислам дека дадов големо парче од мојата интима, како од спалната соба, така и од најскриените предели на главата. Мислам дека успеав да извлечам нешто посебно од себе и да одговорам на предизвикот и застанам рамо до рамо со понуденото од Сетстат и господинот Коџабашија. Без лажна скромност, ќе додадам и дека резултатот од овој заеднички труд е уникатна појава во македонската музика, вистинска иновација и вон нејзините рамки. Многу сум среќен со тој албум. По две годишно екстензивно концертирање со Сетстат, мислам дека пораснавме во соработката и квалитетот на понудата во живо. Промената се состои во тоа што сега имаме потреба да бидеме малку погруви/пофанки/по танцово ориентирани и јас сакам лирички да чепнам малку повесели теми.

За синглот од новото „ЕР“ издание „Лунатика“ се вели црпите инспирација од џезот и поп номенклатурата од минатите неколку децении. Тоа значи негување на прекрасниот момент од македонските шлагери со модерен призвук. Која е пораката и тематиката на „Лунатика“?

Просто сум опседнат со македонските шлагери од 60тите, а особено од 70тите години на минатиот век. Мислам дека тоа е златно доба на македонската музика, време во кое твореле великани. Ако внимателно го послушате овогодишниот албум на мојот матичен бенд ПМГ Колектив – Скопје, ќе приметите дека во дел од композициите, вокалите многу занесуваат накај шлагер. Случајот со Сетстат е многу поочигледен, бидејќи природата на џез музиката е многу поблиска до шлагерот, што уште повеќе ми овозможува како сонграјтер да истражувам во тој правец. Сето тоа е мошне возбудливо за мене и мислам дека тек ќе се развивам натаму.

Каде го промовиравте новото „ЕР“ издание „Лунатика“?

Лунатика веќе ја промовиравме со извонредно успешни концерти во Гевгелија и Струга, а во четврток на 5 октомври, отсвиривме концерт во Скопје, во прекрасниот простор на независниот културен центар Кино Култура. Се надевам наскоро и во некои други македонски градови. Ова треба да го слушнат нашите луѓе ширум земјата.

Кога ќе ја погледнеме целосната слика за македонската музика несомнено е на добар пат. Има доста бендови кои пријатно изненадуваат со нова музика. Какво мислење и каква слика имаш за македонската музика и воопшто движењето на уметноста во Македонија?

Сметам дека Македонците се неверојатно талентирани за музика и згора на тоа многу сакаат да се занимаваат со неа. Од друга страна, толку сме мала земја и неверојатно е болно отсуството на музичка индустрија, но и вистински интерес на државата за својата најсилна дисциплина, а тоа е нашата музика. Се работи за хистерична комбинација, која во исто време раѓа генијални таленти и музики, а од друга страна продуцира очај во огромни количини. Сепак, сметам дека музиката е во рацете на музичарот/човекот и од него зависи нејзината душа и нејзиното постоење. Секој треба да ја негува, почитува и да ја креира што почисто и поубаво, без разлика на не/среќните околности во кои македонскиот музичар е приморан да работи. Колку и да делува тешко, секој што искрено се занимава со музика, добро знае за какво уживање се работи и колку вреди оплеменувањето кое го добиваме од неа.

До неодамна имаше кампања за директор на „Музичка и касетна продукција“ на МРТ, на која реално се приклучија доста луѓе и беше направен доста добар маркетинг. Што се случи?

Кампањата имаше фантастичен одек на интернет и мислам го постигна максимумот на тој медиум. Просто е неверојатно колку позитивен одек имаше и колку на луѓето им е потребно нешто нормално да се случи, или некој адекватен да окупира некое место откаде ќе може нешто навистина корисно да се направи. Корисно за сите. Прекрасно искуство за мене, низ кое мислам дека успеав да се подигнам на повисоко ниво и приватно и професионално. Кампањата не е завршена. Планирам да се префрлам на телевизија и продолжам да ги нудам моите професионални услуги на татковината, без разлика дали тие што ја водат воопшто разбираат за што тоа ние овде зборуваме. Системот е поставен така, да ако сите си ја работиме својата работа, сите ќе имаме корист од тоа, а особено државата. Токму тоа го нудам јас во сферата на музиката: да работиме, системот да фунционира и сите да имаме поквалитетен живот. Се прашувам на кого тоа му смета?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.