Висок северно-корејски дипломат им се закани на САД со атомска бомба обвинувајќи ги Белата куќа и Пентагон за потпалување на тензии поради заедничките вежби што САД ги водат со Јужна Кореја.
“Ако американските империјалисти и се закануваат на нашата сувереност и нашето живеење… нашите трупи ќе испукаат нуклеарни ракети врз Белата куќа и Пентагон кои се изворот на сите зла”, рече Хуанг Пионг-Со, директор на политичкото биро во говор пренесуван на телевизија.
Ова не е прв пат Пјонгјанг да се заканува со нуклеарна војна. Но експертите сметаат дека Северна Кореја се уште ги нема усовршено ракетите кои би биле способни да стасаат до американскиот континент. Северна Кореја направи три нуклеарни тестови но се уште не ја совладала техниката која би дозволила нуклеарна бомба да се фиксира на ракета.