Двa северно-корејски проектили биле повлечени од рампата за лансирање во источниот дел на земјата и се испратени до објектот за складирање, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на денешна потврда на американски официјален претставник.
САД беа загрижени во врска со изгледите на дека режимот може да ги истрела проектилите.
Со недели минатиот месец Северна Кореја секојдневно ѕвечкаше со оружје а заканите беа насочени кон Јужна Кореја и САД.
Реториката на Северна интензивираше откако Советот за безбедност на ОН гласаше во март да бидат наметнати построги санкции врз режимот, поради американско-јужнокорејските воени вежби во регионот.