Северна Кореја повторно тестирала проектил со краток дострел на источното крајбрежје на Јапонското море.
Во последните три дена, ова е петти истрелан проектил, со што земјата на Ким Џонг Ун и понатаму буди провокации кон Јужна Кореја како и кон генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.
Според експерти од Министерство на Јужна Кореја, станува збор за балистичка ракета Кеј Ен-02 со дострел од 120 километри или за модифицирана ракета земја-вода, чиј тип не се прецизира.