Арсим Зеколи: Со оглед на гнојот кој Мицкоски и следбениците го имаат блуено кон ривалите како „предавници“, неговиот гест на прифаќање на Република Северна мора да се обележи како гест на карактерна капитулација.
Но да почнеме по ред. Како прво и најбитно, оваа влада на Христијан Мицкоски не е реформска, туку е влада на континуитет, на политикантски, олигархиски, корупциски, криминален континуитет. Не само според изборот на министри, кои се речиси ексклузивно од камарилата на ВМРО-Груевистичка, ДУИ и СДСМ, туку и според континуитетот на истата матрица воспоставена од 2006 година – преку политиканството на лажење во предизборие и со пепел покривање во постизборието. Линк