Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сезонските вработувања во странство донесоа „главоболка“ за домашниот бизнис

0
By Нова ТВ on September 2, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хотелиерскиот и угостителскиот сектор, транспорт и другите услужни дејности, градежништвото – ова се дел од секторите кои нудат најголем број на слободни работни места. Со оглед на тоа што официјалните статистики регистрираат зголемување на вработеноста, а намалување на неврабтеноста  во текот на оваа економска година, познавачите коментираат дека на пазарот на труд  се случува поврзување на понудата на работа сила со побарувачата, а во согласност со работните вештини, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.Сепак поради летниот период и сезонското  вработување надвор од земјава, годинава  во одделни сектори се забележа значителен недостаток на работна сила.

Се бараат шанкери, продавачи, градежници, келнери

„Состојбата со немање работници во угостителскиот бизнис ова лето беше многу изразена. Ќе примиме работник – почетник, ќе го обучуваме со недели, редовно плаќаме и на крај дава отказ и ни вели дека ќе оди да работи во странство“ – коментира менаџер во еден угостителски објект во центарот на Скопје. Објаснува дека келнер, кувар, шанкер, хигиеничарки, собари,  годинава тешко се наоѓаат бидејќи ови занимања се многу барани во регионот, особено во Грција, Хрватска, Бугарија, Црна Гора.

Дека угостителскиот и услужниот сектор годинава “кубуреа“ со кадар покажуваат и податоците од Агенцијата за вработување. Така во секторот “објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ се пријавени 481 работно место. Според борјот на работни места високо котираат трговијата, градежништвото, транспортот, преработувачката индустрија.

Број на слободни работни места по дејности:

Трговија на големо и на мало                        1 977

Преработувачка индустрија                           1 409

Транспорт и складирање                                   587

Градежништво                                                    561

Сместување и сервис со храна                         481

Административни и помошни дејности             297

Најмалку слободни работни места има во секторот за снабдување со електрична енергија, дејностите со недвижен имот, снабдување со вода, а во секторот финансиски дејности и осигурување, кој високо котира според висината на просечната плата во однос на другите дејности, регистрирани се околу 50тина слободни работни места. На ниво на државата, на крајот од јули бројот на слободни работни места се движеше од околу 6 800 до 7 800.

„Aнализирано на подолгорочна основа, стапката на слободни работни места е релативно стабилна, што во услови на постојано намалување на стапката на невработеност, упатува на можно подобрување на процесот на поврзување на понудата со побарувачката на вештини на пазарот на трудот. Поволни се поместувањата и на страната на понудата на работна сила, така што во првиот квартал продолжи трендот на раст забележан уште од последниот квартал од 2016 година. Посилниот раст на побарувачката во однос на понудата на работна сила во првиот квартал од 2019 година доведе до натамошен пад на невработеноста“ – се нотира во најновиот извештај на Народната банка посветен на економските движења во земјава а во кој се посочува дека по дејности највисока стапка на слободни работни места е забележана кај дејноста „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (2,7%), кај административните и помошни услужни дејности (2,6%), како и кај дејноста „транспорт и складирање“ (2,5%).

Според борјот на работни места по градови, на прво место е Скопје со 3 500 слободни работни места, потоа Тетово со 531, Штип 375, Кочани 313, Битола 283, Виница 259, Струмица 249, Куманово 193, Гевгелија 145, Охрид 144, Струга 124, Гостивар 43 итн, а во Крушево пак не е регистрирано ниту едно слободно работно место.

Анализирано по занимања, најбарани се продавачите, хигиеничари, шивачи, но и програмери.

Занимања со најголем број на слободни работни места :

Продавач                                                         502

Хигиеничар на станбен и деловен објект      448

Шивач                                                               430

Келнер                                                              275

Обезбедувач (заштита на лица и имот)         271

Општ работник                                                 244

Програмер                                                         204

Додека дел од секторите и занимањата се соочуваат со недостаток на работна сила, Агенцијата за вработување на крајот од јули годинава регистрираше  189 506 невработени од нив активни баратели на работа се 101 658 луѓе. Според бројот на невработени на првите места котираат Скопје со 17 834 невработени, Куманово со 11 853 и Тетово со 12 196 невработени лица. Според степенот на образование, во јуни без работа биле 21 доктор на науки, 719 магистри и 9 567 лица со завршен факултет. Од вкупниот број официјално пријавени невработени лица 52 795 се без обрзование или само со основно образование.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.