Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шах-мат на минималецот

0
By Zoran Ivanov on February 3, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 3, 2026 01:00

Во македонскиот контекст, ситуацијата е апсурдна. Министерката за финансии јасно го постави ставот дека минималната плата е прашање за социјален дијалог меѓу работниците и работодавачите, додека владата ќе го прифатела секој договор што тие ќе го постигнеле. Да и се објаснува што е стратегија на жртвен потег, или како се отвора линија за дамин гамбит, би било залудно – таа веќе го изговори своето: „Нека се договорат работниците и газдите, ние ќе го прифатиме договорот“.

Жанета Ќосе

„Шахот е еден од најдобрите тренинзи за умот“, рекол легендарниот шахист Гари Каспаров, и можеби никогаш оваа мисла не била појасно илустрирана од македонската ситуација со трипартитните преговори за минимална плата. Во оваа игра, работниците и синдикатите се потпираат на логика и стратегии, работодавачите на прагматизам и интереси, додека Владата и премиерот се повлекуваат во улога на набљудувачи, како фигури кои стојат на страна на таблата, без да го допрат пионот.

Ако некогаш сте се прашувале како изгледа современата македонска трипартитна магија, доволно е да се погледне како синдикатите, работодавачите и власта се обидуваат да направат „национален социјален дијалог“ кој во реалноста повеќе личи на игра со слепи во мрак. Економско-социјалниот совет, според правилата на Меѓународната организација на трудот (МОТ), е местото каде што трите страни треба да седнат, да зборуваат, да се договорат, па дури и да се смеат заедно – барем толку колку што им дозволуваат економските индикатори. Но, кај нас, власта понекогаш изгледа како гостин од странство – се појавува само за да ги благослови договорите што ги склопуваат синдикатите и работодавачите.

МОТ ја дефинира целта на трипартитниот дијалог со јасни зборови, тоа е инструмент за стабилно управување со пазарот на трудот, заштита на правата на работниците и обезбедување предвидливост за бизнисот. Во теорија, тоа звучи убаво. Во практика, тоа е како да се обидувате да склопите IKEA орман со упатство на шведски – сите знаат што треба, но секој го толкува на свој начин.

Искуствата на МОТ покажуваат дека механизми како економско-социјалните совети, трудовите советодавни комисии и други форми на трипартитен дијалог се од суштинско значење за креирање одржливи и легитимни реформи во трудовото законодавство. Сепак, во пракса често се забележува дека јавниот профил на овие институции е низок, нивниот мандат е слабо дефиниран, а средствата недоволни. Токму затоа МОТ го нагласува значењето на техничката експертиза на социјалните партнери како предуслов за ефективен дијалог.

Примерот од Франција е поучен, кога во 2012–2013 година преку интензивни трипартитни преговори, синдикатите и организациите на работодавачи постигнале национален меѓусекторски договор за нов економски и социјален модел. Договорот овозможувал поголема флексибилност за претпријатијата, но и дополнителни права за работниците, како проширување на здравствените шеми, нови надоместоци за невработени и подобрен пристап до професионална обука. Владата во преговорите поставила рамка и временски рокови, обезбедувајќи поддршка за негово спроведување, а подоцна и интеграција во националното законодавство. Овој пример ја илустрира суштината на трипартизмот – државата како гарантор на рамката, а социјалните партнери како вистински креатори на политики.

Во македонскиот контекст, ситуацијата е апсурдна. Министерката за финансии јасно го постави ставот дека минималната плата е прашање за социјален дијалог меѓу работниците и работодавачите, додека владата ќе го прифатела секој договор што тие ќе го постигнеле. Да и се објаснува што е стратегија на жртвен потег, или како се отвора линија за дамин гамбит, би било залудно – таа веќе го изговори своето: „Нека се договорат работниците и газдите, ние ќе го прифатиме договорот“.

Ова го илустрира апсурдот на позицијата на Владата и премиерот кои се изземаат од процесот – институционално, тие треба да го гарантираат правилото, да обезбедат рамка и да ја надгледуваат легитимноста на процесот. Наместо тоа, тие се поставуваат како набљудувачи на шаховска партија во која секоја погрешна стратегија на социјалните партнери ќе има последици за целата економија.

Социјалниот дијалог, доколку се спроведува во согласност со правилата на МОТ, е инструмент за создавање предвидливи и стабилни услови на пазарот на трудот. Тој овозможува заштита на работниците, но и јасни рамки за работодавачите, обезбедувајќи рационализација на работните процеси и управување со човечкиот капитал. Историјата на трудовото право и искуствата од Франција покажуваат дека реформите создадени без ефективен дијалог често немаат легитимност и се соочуваат со отпор и проблеми во имплементацијата.

Во Македонија, со оглед на економската криза, притисокот од синдикатите и потребата за повисоки плати, трипартитните преговори стануваат прашање на егзистенцијална важност. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) преку протестите и барањата за минимална плата од 600 евра го истакнува гласот на работниците, додека владата со работодавачите се позиционира на спротивната страна.

Интересно е што ова не е само македонска анегдота. МОТ истакнува дека без ефективни консултации, реформите во трудовото право немаат легитимитет и често се соочуваат со отпор. Во превод на нашиот јазик тоа би значело дека кога Владата е отсутна или формална само на хартија, резултатите ќе бидат нестабилни, а работниците – незадоволни. Еден мудар човек некогаш рекол: „Слободата и правдата не се добиваат со чекање, туку со колективна акција.“ Во македонски контекст, тоа значи дека доколку синдикатите и работниците не ја преземат иницијативата, ќе останат само празни зборови. Иронично, во држава која толку многу сака да изгледа демократска, власта често заборава дека социјалниот дијалог не е театар, туку механизам за реални решенија.

На крајот, македонскиот трипартитен дијалог е како сложувалка со парчиња што недостасуваат. Синдикатите се борат за работнички права, работодавачите за економска флексибилност, а владата… па, владата понекогаш само ги гледа резултатите. Ако сакаме стабилност и праведна минимална плата, сите мора да се вратиме на основното правило на МОТ – консултација, учество и почитување на процесот. И, ако ништо друго, барем да се обидеме да се договориме без да се правиме дека не сме тука.

Стабилната правна рамка за трудовите односи бара силен социјален дијалог, почитување на стекнатите права и одговорност од сите чинители. Трипартитниот процес не смее да биде формален, ниту средство за политички театар, туку е вистинска платформа каде што интересите на работниците, работодавачите и државата се балансираат за долгорочна економска и социјална одржливост. Во овој контекст, ентропијата не е само научен термин – таа е метафора за хаосот што настанува кога дијалогот се игнорира, а одговорноста се префрла. Како во шахот, така и во економско-социјалниот живот, секој потег има последици – ако се остави „кралот“ непоместен и правилата се игнорираат, на крајот следува неизбежен шах-мат. Во случајов – минималецот.

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
February 2, 2026

Mејлови на Епштајн: Мозоци од Македонија користени во истражување за нов лек

ВЕСТИ February 2, 2026

Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички…

Трендафилов: Чекавме во ССМ но никој од Владата не дојде да потпише

February 2, 2026

Продолжи судењето за „Пулс“: Адвокатот Шилегов побара измени во обвинението во делот за своите клиенти

February 2, 2026

Мелбурн: Алкараз нов шампион на Австралија опен

February 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.