Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Во новиот закон за работни односи ќе биде вклучена и формализација на неформалната работа

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 128.000 неформално вработени лица во државата во изминатиот период се соочуваат со ефектите од пандемијата со Ковид-19, но нивниот број би можел да биде поголем имајќи предвид дека многумина ја изгубија својата работа во изминатата година. Најпогодени се секторите каде што се проценува дека има најмногу неформално вработени лица, како земјоделството, градежништвото и услужните дејности. Ова се дел од наодите изнесени во рамки на „Анализата за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка“ презентирана денеска во рамки на настанот организиран од Аналитика тинк-тенк.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информираше дека во моментов интензивно се работи на новиот системски закон за работни односи и оти една од важните цели на законот претставува формализација на неформалната работа преку обезбедување на флексибилност на пазарот на трудот.

-Според податоците што го имаме од Државниот завод за статистика, анализата покажува дека учеството на неформално вработените на вкупниот пазар на труд во 2019 година изнесувал 16,05 проценти и тој е намален за 2,55 во однос на периодот од 2018 година. Последните податоци за 2020 година се уште ги немаме, рече министерката.

Анализите на Министерството, според неа, исто така покажуваат дека најголем дел од неформално вработените лица се во земјоделието, градежништвото, услужните дејности…

-Точно затоа во делот на законот за работни односи ќе донесеме решенија што ќе ја формализираат и земјоделската работа како еден од облиците на сезонска работа со виведување на нов принцип на гарантирање на сигурноста на работникот во периодот кога нема да биде ангажиранн активно да може барем да има пристап до оние основни права за здравствено и социјално осигурување преку, дали би било тоа ваучер систем или субвенција на државата кон работодавачите за да може да ги плаќаат придонесите на сезонско ангажираните работници во периодот додека не се ангажирани. Од една страна тоа создава лојаност на сезонските работници да се вратат кај истиот работодавач а кај работодавачот од земјоделскиот сектор или од градежништвото за следната сезона би им гарантирало дека ќе имаат на располагање работна сила со која веќе претходно соработувале, смета Шахпаска.

Зборувајќи за мерките од петте пакети антикризни мерки, Шахпаска кажа дека анализата покажала дека околу 80.000 работни места се зачувани во компаниите со финансиската помош за исплата на платите во услови на пандемија. Таа исто така се осврна и на другите мерки што се преземени во изминатата година.

Шахпаска исто така посочи и на активацијата на корисниците на гарантираната минимална помош на пазарот на труд, потенцирајќи дека во моментов во завршна фаза се тестирањата на веб сервисите што треба да ги поврзат индивидуалните планови за вработување што ги прави Центарот за социјална работа и Агенцијата за вработување за највработливиот член од домаќинството, што е примател на гарантирана социјална помош.

Според министерката, вистинска суштинска реформа не значи регрутирање на нови корисници. Министерството регистрира 6.500 нови корисници на социјална помош, а дел од нив се како резултат на последиците од Ковид-19 и губењето на работните места.

-Нашата бројка е некаде околу 18.500 работници директно како последица на Ковид-19 се останати без работа и оттука активацијата на вработливите членови на семејствата што примаат гарантирана социјална помош, преку индивидуална работа и нивна преквалификација и доквалификација која што ќе се остварува преку поддршката од Агенцијата за вработување ќе овозможи овие граѓани постепено да излегуваат од системот на социјална заштита, истакна таа.

Прашањето за формализирање на неформалната економија, како што потенцираше Шахпаска, не е прашање кое треба да го решава само Владата или Министерството, тоа бара вклученост и од страна на локалната власт, невладиниот сектор и сите фруги институции, со цел поголема информираност на граѓаните за сите можности кои им се нудат.

Данче Даниловска Бајдевска од Фондацијата Отворено општество – Македонија истакна дека преку овој проект се поддржани пет невладини организации и тоа Аналитика тинк тенк, Фајнанс тинк, Змај, ЛакАгро лидер и Гласен текстилец за да учествуваат во овој регионален проект, во кој учествуваат и други земји од Западен Балкан.

-Како резултат на Ковид-19 пандемијата најголем дел од работниците кои припаѓаат на неформалната економија бележат пад на нивните приходи со што се соочуваат во ризик да западнат во екстремна сиромаштија односно во неможност да ги задоволат своите егзистенцијални потреби. Кај најголем дел од неформално вработените работници, приходот по основ на нивните економски активности претставува единствен избор на приход на финансирање на нивните основни човекови потреби. Во државата повеќе од 128.000 лица се неформално вработени. Тие најчесто се вработени во најпогодените сектори во економијата односно ги има најмногу во земјоделството, градежништвото, услужните дејности и неформалните работници кои даваат административна поддршка, рече таа.

Врз основа на анализата, изработена во рамки на проектот „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”, најголем дел од овие работници најчесто работат на работни места кои не можат да се работат од дома, што ја зголемува нивната изложеност на ефектите од пандемијата. Анализата покажува дека тие не се опфатени со мерките на Владата за поддршка на компаниите за исплата на плати или придонеси и се под голем ризик да ја загубат работата. Голем дел од нив немаат социјална заштита и имаат слаб пристап до здравствени услуги. Во 2019 година најмногу меѓу неформално вработените лица биле оние на возраст од 35 до 44 години, а мажите се значително позастапени од жените во секоја старосна група. Сепак, се забележува дека учеството на жените во вкупниот број на неформални работници е поголемо во повозрасните старосни групи.

Најголем дел од владините мерки за справување со КОВИД-19 пандемијата се насочени кон бизнис секторот и вработените во официјалните економски текови. Мерките од четвртиот пакет ќе опфатат околу 20.000 нови домаќинства од неформалната економија и 30.000 постоечки корисници. Дел од мерките влијаат индиректно преку намалување на трошоците – замрзнување, пролонгирање или репрограмирање на кредититe, мерка која е директно насочена кон неформалните работници е обезбедувањето парична помош за домаќинствата и енергетски додаток за корисниците на социјална заштита.

Најголем дел од мерките на локално ниво се насочени кон заштита на јавното здравје. Мерките директно насочени кон физичките лица како и кон неформално вработените работници, се преку намалувањето на висината на данокот на имот (во дел од општините и до 50%) и можноста за негова периодична отплата.

Истражувањето, со кое се предвидени и низа препораки, имаше за цел да го процени обемот на неформалната економија и бројот на лица ангажирани во неформалниот сектор, да го утврди ефектот/последиците од КОВИД-19 пандемијата врз неформалните работници, да ги мапира и оцени ефектите од мерките преземени од централната и локалната власт и да креира основа за подобрување на постоечките мерки/политики и создавање рамка за поголема отпорност кај оваа категорија граѓани на последици од слични кризи во иднина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.