Министерот за образование Јетон Шаќири во емисијата 24 анализа истакна дека Министерството за образование ги следи препораките на Комисијата за заразни болести. Вели дека од тој аспект, препораките кои доаѓаат од Комисијата, тие го следат движењето на новиот вирус омикрон.
– Комисијата во нивната прва препорака во средината на јануари, на седница на Влада го имавме извештајот на владата каде се препорача настава со физичко присуство. Комисијата ги анализира податоците за возраста на децата, каде се движат за време на учебната година и како се движат бројките кои не се на училиште. Решивме новата учебна година да почне на 1 февруари и од моето министерство секојдневно комуницираат со училиштата и се земаат податоци. Децата кои не беа присутни на настава, не значи дека се позитивни на омикрон, некој може да е на сезонски грип. Со нашата прва одлука имавме забелешки од УНИЦЕФ. Ако препораката е за почеток со физичко присуство, јас ќе го почитувам тоа. – рече Шеќири.