По скандалот со приемните испити во СУГС „Орце Николов“ каде од 292 ученици со сите петки, само 11 покажале одличен успех на тестот, се огласи и министерот за образование.
Јетон Шаќири за Алфа изјави дека „уписот во гимназијата „Орце Николов“ само ја покажа реалната слика на образовниот систем во Македонија, на кој мора сериозно да се работи“.
– Искрено да ви кажам, дали сум задоволен од резултатите – не сум, разочаран сум од последните случувања во скопската гимназија „Орце Николов“, каде голем дел од учениците вештачки добиваа петки, односно одличен успех. Да се имаат предвид, но и да се испитаат и педагошките и психолошките причини зошто имаа вакви влијанија во резултатите. Ако сакаме да се изгради здрав образовен систем кој ќе функционира и ќе дава резултати, треба сериозно да се поработи, а ќе работиме и ќе придонесуваме сите заедно за конкретните состојби, не само со последните случувања во гимназијата „Орце Николов“ туку воопшто во образованието, додаде министерот Шаќири.