Движењето „Протестираме““ или популарно „Шарената револуција“ денеска, 11 ден по ред, ги започна своите протести, но беа спречени да ги остварат намерите да протестираат пред Уставниот суд. Демонстрациите почнаа, како и секој протест досега, пред просториите на Специјалното јавно обвинителство каде што демонстрантите изразуваат поддршка за работата на оваа институција. Денешниот план беше да се оди пред зградата на Уставниот суд на кејот, но полицијата не им дозволи да се приближат. Демонстрантите, наместо Уставниот суд, бојата ја фрлија врз лавовите на мостот „Гоце Делчев“, дел од проектот Скопје 2014. Во моментот демонстрациите се одвиваат пред зградата на Владата.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.