Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Шарли Ебдо“: Посветеноста на магазинот кон сатирата

0
By Нова ТВ on January 7, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот магазин „Шарли Ебдо“ има долга историја на посветеност кон својата сатира, и секогаш наоѓал начин како да им пркоси на обидите на критичарите и власта да стават завеса на нивната слобода на изразување, пишува британски „Гардијан“.

На сите обиди да се замолчи или заплаши сатиричниот неделник, редакцијата одговарала „попргаво“ и „подрско“.

Во ноември 2011 година, канцелариите на неделникот беа бомбардирани по објавувањето на специјалното издание на кое на насловната беше прикажан пророкот Мухамед со заканувачка порака до читателитe „сто удари со камшик доколку не умрете од смеа“.

Тогашните напади целосно ги уништија канцелариите на магазинот во Париз, веб-сајтот на магазинот беше хакиран, а работниците беа изложени на смртни закани. Но шест дена подоцна, објавено беше ново списание на кое, карикатурист на „Шарли Ебдо“ бакнува Муслиман со голема брада, а пораката која овој пат магазинот ja испрати беше „љубовта е посилна од омразата“.

Една година подоцна, магазинот објави повеќе сатирични фотографии од Мухамед, вклучувајќи го пророкот гол, или пак во инвалидска количка заедно до православен Евреин. Француската влада неколку пати апелираше до уредниците да ги стопираат објавувањата, а потоа затворија неколку амбасади, културни центри и училишта во 20 земји од страв од одмазда.

Пред канцелариите на магазинот беше поставена и полиција за да ја заштити редакцијата од директни напади. Министерот за надворешни работи Лорен Фабиус јавно го критикуваше магазинот прашувајќи „Дали е разумно и интелигентно да се додава масло во огнот?“.

Но главниот и одговорен уредник Жерар Биар ги отфрли критиките и рече дека тие се весник кој ги почитува француските закони.

– Доколку во Кабул или Ријад има различни закони, ние нема да се измачуваме како би ги испочитувале, изјави уредникот Биар.

Нападите на магазинот за описот на Мухамед и доследната „пргавост“ го стави во фокусот ставот на неделникот за Исламот.

Во 1970 година, предходникот на „Шарли Ебдо“ (Хара-Кири Ебдо) беше забранет откако сатирично ја покриваше смртта на екс-претседателот Шарл де Гол. Како би ја избегнале забраната, уредниците му го дадоа сегашното име на магазинот, земајќи го во предвид месечниот сатиричен стрип „Шарли Менсуел“ (именуван по Чарли Браун) и таткото на Петтата француска република Шарл де Гол.

Списанието прекина со издавање во 1981 година поради слаба продажба, но повторно беше лансирано во 1992 година во неговата сегашна форма.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.