Претседателот на Светската банка, Јим Јонг Ким предупреди дека САД по новиот неуспех да изнајдат решение за буџетската криза и кризата околу плафонот за задолжување на државата влегува во опасен период, јавува Би-Би-Си.
-Сега пет дена нѐ делат од многу опасниот момент, изјави Ким на затворањето на годишниот состанок на Светската банка и Меѓународниот Монетарен фонд во Вашингтон.
Американското министерство за финансии објави дека до 17-ти октомври нема да биде ликвидно и дека нема да може да ги плаќа своите обврски доколку плафонот за задолжување не се зголеми.
Финансиските пазари во целиот свет би можеле да бидат погодени доколку САД не можат да ги намируваат своите финансиски обврски, а особено во земјите во развој.
-Што повеќе се приближуваме до рокот за подигнување на плафонот за сојузното задолжување, толку сѐ повеќе ќе има последици под државите во развојот, изјавил Ким.
Според него, доколку американскиот Kонгрес не го подигне плафонот за задолжување кон во моментов изнесува 16,7 трилиони американски долари, светската и американската економија може да очекуваат зголемување на каматните стапки, пад на довербата и забавен економски раст.