НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Армијата беспоштедно излезе во борба со пожарите

0
By НОВА ТВ on August 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси десет дена буквално сите државни капацитети се ставени целосно во служба на справувањето со пожарите, а Армијата и нејзините припадници покажаа дека секогаш и секаде се први да одговорат на барањето на граѓаните и на државата, да се вложат со целиот капацитет, со целото знаење со целата нивна опрема за да спасат прво човечки животи, а потоа да ги спасат и материјалните добра и природните добра на државата, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Ангажирани беа и се уште се, сите капацитети на Армијата, човечкиот потенцијал и нашите воздухоплови за кои во ниту еден момент практично немаше простор за одмор. Ангажирани се пешадиски единици од Командата за операции, Првата бригада, специјалните сили и целосно беа ангажирани припадниците и воздухопловите на воздухопловниот ВИНГ. Буквално сите капацитети заедно со логистиката кои имаат знаење и умеење да се справуваат со огнените стихии, потенцира Шекеринска на денешната заедничка прес-конференција со командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Стојко Пејовски и командант на Командата за операции на Армијата, бригадниот генерал Бесник Емини, посветена на ангажманот на армиските припадници во справувањето со пожарите во земјава.

Шекеринска појасни дека во моментов 1.614 припадници се ангажирани и додаде дека оваа бројка постојано се менува. Над 1000 припадници на Армијата секојдневно се во фаза на приправност, а во просек дневно помеѓу 250 до 400 војници со целосна опрема, механизација и летала беа ставени на располагање на цивилните институции за да помогнат.  И практично ова е, како што рече, најголемата бројка на човечка сила која што се вклучи во гасењето на пожари.

– Повеќе од 80 прелети со над 650 тони исфрлена вода, беспоштедно, без резерви, без калкулации Армијата излезе и за своите граѓани и за својата држава, рече Шекеринска и изрази благодарност до припадниците на Армијата за нивниот голем ангажман и ризиците со кои се соочуваа, и на земја, а особено на воздух.

Министерката Шекеринска потсети дека ги посети војници и офицерите распоредени на терен во Старо Нагоричане, во Беровско-пехчевскиот регион,  во Прилеп, Штип…, додавајќи дека разговарала и со дел најголем дел од припадниците на воздухопловниот ВИНГ.

– Мислам дека сите заслужуваат највисоки оценки и пофалби дека тоа што го сработија беше навистина херојство. Ниту еден од нив не постави прашање, ниту еден не се скри, ниту еден не замина во најтешкото, туку сите беа присутни и тоа беа присутни навистина постојано, нагласи Шекеринска, притоа изразувајќи благодарност за добиената помош од Словенија, Романија, Србија, Австрија, Бугарија… и на сите други што помогна.

Министерката посочи дека според нивните информации постои сомнеж дека причини за еден дел од причините е човечки фактор.

– Мојата порака и денеска, како и пораката на армиското раководство е дека Армијата останува будна и остануваме распоредени на повеќе локации меѓу другото и за да спречиме понатамошна ескалација. Нема да дозволиме ниту еден човечки живот да биде во опасност заради ваквите неодговорно или криминално однесување, рече Шекеринска.

Командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Стојко Пејовски информираше дека заклучно со вчерашниот ден реализирани се огромен број летови, како на домашните, така и на странските хеликоптери и авиони вклучени во гаснењето на пожарите, при што се исфрлени 850 тони вода.

Прашан колкав дел од тоа количество вода е исфрлено од армиските хеликоптери, полковник Пејовски нагласи дека не би било добро да се мери, кој колку постигнал во реализацијата на сите активности.

– Повеќе од 50 отсто од оваа реализација и 70 отсто припаѓа на нашите воздухоплови. Но, не е добро да работиме со конкретни бројки, имајќи предвид дека секој кој дошол тука да помогне при гасењето на пожарите, не дошол да ги мериме достигнувањата, рече тој истакнувајќи дека по барање на државата добивме помош и заеднички соработувале со сите учесници вклучени во гасењето на пожарите.

Тој наведе дека денеска армиските хеликоптери се ангажирани на две локации со капацитети и сили потребни за локализирање и ставање под контрола на опожарените подрачја, додавајќи дека со исто темпо ќе продолжат и во наредните денови со цел ставање под контрола и гасење на сите опожарени региони.

Полковник Пејовски потенцира дека голем предизвик претставуваат и екстремно високите температури на воздухот што сега достигнуваат до 41 степени, но, како што нагласи, кога ќе влезете во воздухопловот таа температура се качува и до 60 степени.

Тој предупреди дека не треба да се заборави и температурата над опожарените подрачја со пламените јазици, каде не може да се измери до кој степен достигнува, а воздухопловот се наоѓа точно над него при истурањето на водата.

– Динамиката на извршувањето на задачите продолжува со несмалено темпо, ние и понатаму ќе ги почитуваме сите ограничувања и безбедносни мерки и процедури, како на техниката, така и на персоналот одреден за учество во реализацијата на извршување на летачките активности за гасење на пожарите, изјави тој и додаде дека во целиот процес синхронизирано соработуваат со сите надлежни институции од државата во справувањето со огнените стихии.

Според полковник Пејовски, широчината на најкритичните подрачја, конкретно на пијанечкиот регион, каде се Делчево, Пехчево и Берово е во широчина од 8 километри и 16 километри. Овој пожар, подвлече тој, во моментот е ставен под контрола и денеска по извршувањето на летачките активности на армиските хеликоптери. Има еден мал чад, истакна Пејовски, има единици на земја и веќе за тој пожар не се потребни ангажмани на хеликоптерските единици.

Тој информира дека ангажманот на ВИНГОТ за пружање помош за гасење на пожарите започнал уште на 29 јуни во реонот на Општина Чашка, а веднаш потоа и во Липково и Македонски Брод, а интензитетот  на воздухопловната поддршка постојано се зголемувала од 29 јули во кочанскиот регион, по што следувал регионот кај Гевгелија, Старо Нагоричане, Куманово, Петровец, Прилепско и овие денови во новоотворените жаришта.

– Како кулминација на моменталната кризна состојба се веќе петдневните активности во пијанечко-малешевскиот регион. Најинтензивните пожари ја наметнаа потребата за скратување на времето потребно за прелет на хеликоптерите од скопскиот аеродром и доведување на истите во близина на опожарениот регион, со цел да се зголеми бројот на циклуси за земање вода и истурање на истата врз опожарените подрачја, истакна Пејовски.

Тој додаде дека за таа цел, е организирана истурена позиција за дополнување на хеликоптерите со гориво, конкретно во реонот на село Смојмирово, со што е зголемена брзината, ефикасноста и најважно количината на исфрлена вода во опожарените подрачја.

– Хеликоптерите со истурање вода врз пожарот само го загаснуваат. Тие се само помош на персоналот, на луѓето, кои работат на земја, човечкиот фактор што е носител што може во целост да го угаси пожарот, појасни тој.

Бригадниот генерал Емини информираше дека по барање на ЦУК, а по наредба на врховниот командант, Армијата активно се вклучила од 2 август во гасењето на пожарите, на располагање имало 1000 луѓе, а ангажманот бил вкупно на 12 локации на цела територија на државата, претежно на непристапен терен зафатен со пожар.

– Вкупно до денеска се ангажирани 1614 припадници од Командата за операции со потребна опрема, техника и три воздухоплови од нашиот состав, рече меѓу другото бригадниот генерал Емини.

Тој наведе дека секој ден во вечерните часови се преземаат мерки и активности во координација со оперативните побарувања пред донесување одлука за дејствување на терен од земја и воздух и се постапува кон нивно извршување врз основа на истакнатите побарувања и приоритети од ЦУК.

Во регионот на Берово, информира тој, денеска ќе се продолжи со гасењето на пожар, иако е локализиран. Во Делчево, во регионот на село Разловци пожарот исто така е локализиран, но има припадници на терен со цел да интервенираат доколку повторно се запали.

epa01078480 A Macedonian Army helicopter extinguishes a forest fire near the village of Kopance 25 km. from Skopje on 27 July , 2007.Croatia, Turkey, Slovenia and Germany have sent firefighting aircrafts to Macedonia, to help the country solving the situation with the wild-fires. EPA/DARKO ANDONOVSKI

Во Пехчевско пожарот е ставен во мирување, додека во прилепското село Топлица, како што рече, пожарот е локализиран, а таму ќе дејствува и авионот од Романија.

Во село Дрен и село Смолари пожарот е локализиран и е под контрола и нема опасност да се прошири.

– Активен пожар со намален интензитет, има на источната стана на планината Кожуф. Во општина Сарај пожарот е активен и таму има припадници на Армијата кои дејствуваат по копно, но планираме да дејствува и авионот од Романија, информира бригадниот генерал Емини.

Во реонот на општина Петровец, пожарот е локализиран, но се уште има припадници на Армијата во тоа подрачје.

Во реонот на Штип, месноста Драгоево и село Селце, пожарот е изгаснат и криви Дол пожарот е локализиран и изгаснат. Целосно е локализиран и пожарот во реонот на Куманово во село Ранковце.

– Во сите гарнизони од Армијата имаме подготвено сили и средства кои се во приправност и доколку е потребно може да бидат ставени во функција на терен одма, потенцира бригадниот генерал Емини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.