Се соочуваме со сериозен недостиг на вакцини, со исклучок на САД и Обединетото Кралство. Дел сме од светскиот проблем, особено тешко е за помалите држави, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на промопредавање на американска донација за Армијата.
–Целта ни е што поскоро да обезбедиме функционална вакцина и ќе ги преземеме сите чекори. Барем здравстевените работници успеаја да обезбедат дополнителна заштита. Армијата е во втората фаза за имунизација заедно со полицијата, истакна Шекеринска.
Министерката денеска прими 1.269 автоматски пушки М-4 како донација од САД, а американската амбасадорка Кејт Мари Брнз рече дека истите вредат 1,2 милиони долари.
– Целта на оваа донација е интероперабилноста. Двете армии да можат полесно меѓусебно да се помогнат, што е обврска кога се оди на заеднички вежби и операции, рече Шекеринска.