Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска – Гуерини: Членството на Македонија во НАТО беше инвестиција во стабилноста на регионот

0
By Нова ТВ on May 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија и Северна Македонија имаат одлична билатерална соработка базирана на заедничката цел: стабилен и просперитетен Балкан за силна Европа. Придонесот на македонската Армија во КФОР во Косово, под команда на италијански генерал, уште повеќе го засили сојузништвото меѓу двете земји и дава придонес кон безбедноста на евроатлантската област – се согласија денеска на средбата во Рим министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот италијански колега Лоренцо Гуерини.

Доказ за зацврстувањето на односите во одбраната е обновата на Договорот за одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Италија, при што Договорот доби неограничена важност.

Министерката Шекеринска истакна дека по членството во НАТО, Северна Македонија дава придонес во колективната безбедност во Алијансата.

„Северна Македонија на тоа поле забрзано работи. Ние сме најновата членка на НАТО, што нè прави уште помотивирани да бидеме препознатлив сојузник кој дава значаен придонес во безбедноста на сите триесет земји. Развојот на нашиот најголем полигон, ’Криволак’, кој од високи НАТО – офицери е оценет како полигон кој нуди сеопфатни услови за развој на интероперабилноста, значи и развој на Алијансата. Македонската Армија започна процес на опремување и модернизација кој е овозможен од стабилното буџетирање на одбраната од кое не отстапуваме“, рече министерката Шекеринска. Таа го информираше својот колега за одлуката Армијата на Северна Македонија да испрати штабен офицер во составот на италијанскиот НАТО деклариран корпус.

Италијанскиот министер Гуерини порача дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО е значаен чекор кон зголемувањето на стабилноста и безбедноста на целиот балкански регион. Тој изрази силна поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција.

Балканот мора да биде стабилен – се согласија Шекеринска и Гуерини, а обновата на европската перспектива е важен чекор за безбедноста на регионот.

Министерката Шекеринска во италијанскиот Сенат се сретна и со претседателката на Комисијата за одбрана, Роберта Пиноти, на која се разговараше за соработката во доменот на одбраната. Пиноти на министерката и изрази силна поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.