Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Ќе се отвори Центар за поддршка на домашните компании за настап на НАТО пазарот

0
By НОВА ТВ on August 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тоа ќе биде многу мала група на луѓе која ќе се посвети исклучиво да им помогне на домашните компании со сета она администрација, документи кои што ќе им бидат потребни на НАТО пазарот, рече Шекеринска.

Во Министерството за одбрана наскоро ќе почне со работа Центарот за поддршка на домашни компании за настап на НАТО пазарот, кој што се формира по членството на државата во Алијансата и по измените на Законот за тендери во одбраната, и ќе има за цел да им помогне во тој процес, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференција во Центарот за обука на пилоти во касарна „Страшо Пинџур“ во Петровец.

– Измените на Законот за јавни набавки во одбрана и безбедност кои денеска стапија во сила ни ја отвараат шансата да им помогнеме на сите македонски компании во настапот на НАТО пазарот. Со нашето членство во НАТО за сите домашни компании се отвори огромен пазар. Колку ќе искористиме ќе зависи од креативноста, способнота и интересот на македонските компании, но и од поддршката која што ќе ја нуди државата. Ова беше законскиот основ, ние во следните недела дена ќе ги донесеме и подзаконските акти кои што се неооходни за да им помогнеме на компаниите буквално да знаат што и како е планот и веднаш потоа ќе започне со работа Центарот за поддршка на македонски компании за настап на НАТО пазарот, кој што го формиравме во Министерството за одбрана. Тоа е новината, ќе биде многу мала група на луѓе која ќе се посвети исклучиво да им помогне на домашните компании со сета она администрација, документи кои што ќе им бидат потребни на НАТО пазарот, рече Шекеринска во одговор на новинарско прашање.

Таа додаде дека веќе имале неколку состаноци со коморите, со специјализирани компании, од кои еден дел биле и чекор пред државата и без помош можат да го изодат патот.

– Но, државата е тука за да го прави тој цел процес поедноставен и веднаш што ќе бидат подготвени подзаконските акти, планот ни беше да направиме едно посебно информирање на јавноста, сите податоци и докумемти ќе бидат достапни на веб-страницата на Министерството за одбрана и буквално стоиме на располагање за секој кој сака да се проба на тој голем, но и тежок пазар. Државата ќе биде сојузник на сите компании кои ќе ја имаат и амбициозноста и квалитетот да се борат, потенцира Шекеринска на прес-конференцијата посветена на ангажманот на припадниците на Армијата во справувањето со пожарите во земјава. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.