Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска денеска изјави дека нема амбиции да биде именувана за амбасадорка во НАТО. Во моментов, вели дека била фокусирана на министерските обврски, а за тоа што ќе се случувало во иднина, изјави дека ќе било познато зашто ионака ништо не останало тајна во нашата држава.
Таа денеска беше на Криволак во извидница на градежните работи на објектите на полигонот и на обиколницата која води до таму.
Шеќеринска се изјасни во суперлативи , за актуелниот амбасадор на Република Северна Македонија во НАТО, и дека со ова се потврдувала тезата колку е важно да се имаат добри луѓе на вистински места, особено во период кога сеуште го создаваме впечатокот на нова земја членка.