Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Состанокот на Радев грешка во чекори

0
By Нова ТВ on March 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како грешка во чекори го означи министерката за одбрана Радмила Шекеринска состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на безбедносните служби, за како што наведоа од неговиот кабинет, нарушување на правото на самоопределување на Бугарите во Северна Македонија. Министерската за одбрана денеска рече дека Северна Македонија е можеби најдобар пример во регионот во однос на рамноправноста на граѓаните и почитување на различностите.

-Не сум чула за каков било пример или епизода во историјата кога разузнавачите работеле позитивно и корисно за развивање на човековите права и мислам дека станува збор за грешка во чекори. Република Северна Македонија е држава, која многу вложи во рамноправност на граѓаните и во отвореност на општеството да ги прифати сите разлики. Можеби сме најдобар пример во нашиот регион на ова тема и тоа го признаваат организации кои често пати се критични на темиве, истакна Шекеринска .

Додаде дека македонското општество покажало поголема зрелост и отвореност од некои постари демократии, бидејќи како што рече, како мала држава и како народ сме поминале низ епизоди на негирање и тоа не поттикнало да станеме свесни дека треба да се почитува различниот.

-Ние ги научивме своите лекции. Тие секојдневно ги покажуваме, дури и со операцијата попис сме држава која на секој граѓанин му ја дава шансата слободно да се произнесе. Би била среќна кога сите државите во нашето соседство би го давале истото право на своите граѓани, истакна министерката за одбрана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.