На својот фејсбук профил заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска со критики до државниот врв по повод одбележувањето на 50 годишнината од земјотресот во Скопје.
На профилот Шеќеринска напиша:
Не сакав денес ич за политика, ама не можам: СРАМОТА е ни премиерот ни претседателот на оваа држава да НЕ ДОЈДАТ на одбележувањето на 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го срамни со земја нејзиниот главен град! Не разбирам како е ова возможно! Во која држава тоа може да се случи?