Шест луѓе загинаа, меѓу кои две деца во стравична сообраќајна несреќа која се случи попладнево кај кумановското село Смиљчинци на патот Куманово – Крива Паланка.
Четиричлено семејство и уште двајца Кумановци загинаа во судар на автомобил БМВ и Фолксваген Пасат при што дошло до експлозија.
Мајка, татко и две деца на возраст од 4 и 6 години изгореле целосно.
Настрадале и двајца Кумановци кои биле во автомобилот Пасат, со кумановски регистарски таблички.
Неофицијално, едниот од нив бил полициски службеник.