Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеста вечер на МОТ: Три претстави и промоција на книга

0
By Нова ТВ on September 18, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две гостински претстави, од Хрватска и Романија, и една домашна – на Прилепскиот театар, се на шестата фестивалска вечер на 44. Млад отворен театар, како и промоција на книга во придружната програма.

Од 18 часот на новата сцена на МОТ – Железничката зграда, ќе биде изведен перформансот „Сè е во парите“ на театарската платформа „Бацачи сјенки“ од Хрватска, во режија на Борис Бакал. Проектот се занимава со односите меѓу општествените и материјалните вредности од една и парите од друга страна, од перспектива на лични наративи, реални финансиски примања, финансиските кризи, како и амбивалентната улога на парите во целокупната општествена размена.

Концептот на проектот е базиран на банкарско-финансиската „револуција“ на светскиот пазар, а во истражувачкиот процес се собираат сведоштва за лични искуства со пари. Во фокусот на   истражувањето на претставата се земји како Хрватска, Италија, Словенија…

Од 20 часот на малата сцена на НОБ е романската претстава „Момчињата на Медеја“ на театарот „Аполо 111“ во режија на Андреи Мареји. „Момчињата на Медеја“ го илустрира режисерското прекршување на легендата на Аргонаутите и златното руно.

Претставата отвора дискусија за машката ранливост, мачоизмот, патријархатот и мизогонизмот, користејќи средства на иронија и хумор. Сцената е прикажана како морнарски бар и е „населена“ само со машки ликови. Овде некои Аргонаути се среќаваат за да го прослават своето големо животно искуство – митското патување на бродот „Арго“.

Во Младинскиот културен центар од 22.30 часот е третата претстава од денешната програма – „Арапска ноќ“ на Прилепскиот театар на режисерката Зоја Бузалковска, со настап во живо на групата „Фолтин“. Претставата е работена според драмскиот текст на Роланд Шимелфениг од 2001 година.

-Овој текст-партитура за пет ликови е игра на жанрови и стилови. Дејството се случува во еден европски град, на седмиот кат од една станбена зграда, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Со текот на времето, зградата се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“. Елементите на трилер ја градат неизвесноста, а приказната, која почнува така што се чини дека секој од ликовите дејствува сам за себе, полека ги пополнува испрекинатите линии и добива на тензичност и густина, најавува МОТ.

Покрај трите претстави, денеска на МОТ (во МКЦ од 12 часот) ќе има и промоција на книга во придружната програма  – „Анамнезис – дијалози за уметноста во јавен простор“ на хрватската авторка на Сандра Ускоковиќ, во која се обработени културни пракси и дела на уметници и колективи од хрватската уметничка сцена активна во изминатите 40-ина години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.