Шестмина граѓани кои вдишале чад од пожарот во зграда во скопската населба Чаир сеуште се наоѓаат на лекување на Клиниката за токсикологија. Станува збор луѓе кои се задушиле со јаглерод моноксид од кои најмладиот има 20 , а најстариот 70 години.
-Сите шестмина пациенти се во стабилна здравствена состојба, но ние ги хоспитализиравме за да можеме да ги набљудуваме во случај да се појави некоја задоцнета реакција изјави за НОВА Андон Чибишев директор на Клиниката за токсикологија.
Пожарот избил вчера попладне во подрумските простории на станбениот објект на улица Костурска бр.3 во скопската населба Чаир.
На лице место веднаш излегле екипите на противпожарната бригада кои брзо успеале да го локализираат пожарот. Полицијата денеска започна истрага за да се види кои се причините за пожарот и дали има виновници.