Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, вечерва оствари средба со граѓани во Општината Сарај. Тој со нив разговарал за тоа што досега е сработено во оваа општина, како и она што се очекува да се сработи во новиот мандат.
– Во одржување и реконструкција на уличната мрежа во населените места Глумово, Кондово, Љубин, Крушопек, Сарај и Рашче заедно со реконструкцијата на автобуски постојки во Свиларе и Рашче преку ЈП Улици и патишта инвестирани се околу 50 милиони денари. Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во висина од 5 милиони денари. Го реконструиравме средното училиште Сарај, а дополнително ја опремивме и новата спортска сала на ова училиште, кажа Шилегов.
Тој додаде дека изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи.
– Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Да се обединиме затоа што развојот на Скопје не смее да запре“, потенцираше градоначалникот Шилегов.