Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето даваат добри резултати во Скопје

0
By Ivana on October 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа добро затоа што бројките покажуваат нешто многу поразлично од тоа што го покажувале пред 4 години. Сепак, мора да бидеме свесни дека проблемот за загадувањето во Скопје не е може целосно да се реши со краткорочни, ниту среднорочни активности.

Но преземањето на комплементарни мерки кои ќе ги третираат најголемите загадувачи е пристапот за кои сме сведоци дека доведува до позитивни резултати и пад на загадувањето, изјави градоначалникот Шилегов.

Бројките покажуваат дека последните четири години, нивото на ПМ10 честички е во постојан пад, а на годишно ниво количеството на овие честички дојдоа речиси до граничната вредност од 40 μg/m3. Ако во 2016 имало 71,91 ПМ10 μg/m3, во 2020 беа 47,70 ПМ10 μg/m3. Иако се верува дека метеоролошките прилики се тие кои значително влијаат на квалитетот на воздухот, на годишно ниво, брзината на ветерот и температурата биле со речи си константни вредности, а количеството на врнежи не е пропорционално со падот на загадувањето.

Земајќи ги предвид најголемите загадувачи, односно затоплувањето на домаќинствата, сообраќајот, прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности и индустријата, последните четири години воведени се низа мерки кои влијаеја токму на нив.

– Мерките се многу: субвенции за купување инвертери, нови автобуси на гас, користење на новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад во Дрисла, засилени инспекциски контроли, подигање на нови зелени површини, кампања за пријавување на огнови на отворено преку телефонот 193, расчистување на дивите депонии, расчистување на стрништата, субвенции за велосипеди, електрични тротинети, за чистење на оџаци, додаде Шилегов.

– Овие мерки се рефлектираа во : А се рефлектираа во: 8.000 активни оџаци помалку во Скопје, 100-ина заменети котли за греење на државни згради, 33 еколошки автобуси на ЈСП, 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени сите диви депонии во градскиот урбан опфат, 300.000 м2 ново зеленило и над 20.000 нови садници. Да не заборавиме дека градежните активности на Градот не се мегаломански и непотребни проекти кои дополнително го задушуваат нашиот град и неговиот воздух, истакна Шилегов презентирајќи ги постигнатите резултати во делот на намалување на аерозагадувањето.

– Овие бројки се доказ дека се движиме во вистинскиот пат кога станува збор за загадувањето и мојата намера, нашата намера е да продолжиме во таа насока. Скопје заслужува издржан и континуиран пристап во неговото развивање. Скопје го заслужува најдоброто, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.