Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска ја повика претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради конфликт на интереси.
Како што вели тој, директната партиска поврзаност на фамилијата Гошеви со ВМРО-ДПМНЕ е еден од клучните аргументи дека Гошева не може да одлучува објективно, непристрасно и согласно законот.
– Ќерката на Елена Гошева, Слободанка, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, кадешто главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијаков, Жарко Луковски. Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС. Сопругот на Слободанка Гошева е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ. Сега Гиевски е член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата, потенцираше Шилегов.
Тој дополни дека пак сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранашен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.
– Да имаше Елена Гошева морален, личен и професионален интегритет сама ќе поднесеше оствка. Срамната одлука на Устаниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал. Интерес на сите граѓани, интерес на Република Македонија, е правда и владеење на правото, истакна Шилегов.
Реакцијата на СДСМ следува откако петмина од деветте судии во Уставниот суд, неодамна прифатија да се разгледува уставноста на Законот за помилување, односно иницијатива од адвокатот Ристо Китевски, според која претседателот ќе може да амнестира лица осудени за изборни измами.
>> Кои се уставните судии кои се спротивставија на спорната иницијатива