Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шок и неизвесност по синоќешното двојно убиство во Старата скопска чаршија, МВР изврши распит на повеќе лица

0
By Соња Крамарска on March 7, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утрово МВР издаде соопштение во врска со синоќешното двојно убиство во Старата скопска чаршија. Во соопштението освен вообичаените датум и локација се прецизира дека убиствата се случиле во угостителски објект на улица „Самоилова“ во Скопје.

„Пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција. Околу 20.30 часот било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари. По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме остануваат непознати мотивите како и извршителите на ова злосторство чиј епилог е мафијашка егзекуција на двајца млади луѓе. Ранетиот, како што се дознава, е надвор од животна опасност и е пуштен на домашно лекување.

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш излегоа на терен, а досега во јавноста излегоа само со првични информации за настанот.

„Фиксирани се траги на самото место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите“, рекоа доцна синоќа од Обвинителството.

Според неофицијални информации, сторителите веднаш по убиството избегале со автомобил „ауди 6“, кој потоа бил пронајден запален, што утрово е потврдено и од полицијата.

Неофицијалните информации, исто така, го открија и идентитетот на убиените – Јетон Кривањева и Енес Исени. Двајцата наводно се наоѓале на вториот кат од угостителскиот објект каде што биле пронајдени од убијците.

За инциденти со кои се поврзува Кривањева, како што објавија и синоќа дел од медиумите, во јавноста се пишувало и претходно. Тој наводно бил дел од групата кон која се пукаше во вооружен напад во хотелот „Александар палас“ во 2019 година.

За третиот ранет, пак, доцна синоќа информации соопштија од Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (старата Градска болница). Според изјавата оттаму, тој со приватно возило бил донесен во болницата во 20:15 часот и имал две рани. Едната, помала, на левото стапало, додека поголема имал на десната потколеница. Раните му биле обработени, направени биле потребните снимања и преврски, поставена му е имобилизација, по што е пуштен на домашно лекување.

Р.Н.

двојно убиство пукање Стара скопска чаршија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.