Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека Германија ќе ѝ помага на Украина „колку и да биде потребно“.
„Помагаме со воена опрема, муниција, обука на украинските војници бидејќи нивната борба е и наша борба“, порача Шолц во Потсдам.
Оклопните возила „многу брзо“ ќе му бидат испорачани на Киев, но, не сега, информираше министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.
Таа најави испраќање на два нови повеќекратни ракетни фрлачи „Марс-II“ и 200 ракети и 50 теренски возила тип „Динго“. Засега нема да ги достави борбените тенкови „Леопард-2“, што Украина упорно ги бара.