Берлин: Германија има одговорност да се погрижи војната меѓу Русија и Украина да не се претвори во војна меѓу Русија и НАТО, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, повторувајќи го своето „наин“ („не“) за испраќање оружје со долг дострел во Киев, пренесе ДПА.
Не сметам дека е тоа исправна испорака – и така ќе остане, рече Шолц вчера по самитот на Европската унија во Брисел.
Тој ги отфрли клучните точки од „планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски поради стравувањата од идна ескалација.
Зеленски на средбата го претстави својот „план за победа“ и уште еднаш го повика Шолц да му испрати крстосувачки ракети Таурус.
Украинскиот лидер верува дека арсеналот за одвраќање ракети би можел да ја принуди Русија да започне мировни преговори.