Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шолц и Макрон разочарани: Путин телефонски им рекол „во блиска иднина ќе ги признаеме Доњецк и Луганск“

0
By Sashko on February 21, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: bangkokpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговори со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц, при што ги информирал дека „во блиска иднина има намера да потпише указ за признавање на Доњецката и на Луганската народна република“, пренесува прес-службата на Кремљ.

Доњецката Народна Република и Луганска Народна Република не се признаени од ниту една членка на ОН.

Како што јави ТАСС, Путин ги информирал лидерите на Франција и на Германија за резултатите од проширениот состанок на Советот за безбедност на Руската Федерација, на кој се разгледувала актуелната ситуација околу Донбас во контекст на одлуката на Државната дума за признавање на т.н. ДНР и ЛНР. Денеска, водачите на овие сепаратистички проруски региони во Украина побараа од Москва да бидат признат нивниот суверенитет.

Имајќи го предвид сето ова, претседателот на Русија рече дека има намера во блиска иднина да потпише соодветен указ, се вели во соопштението од Кремљ.

„Германскиот премиер Олаф Шолц одржува итни разговори со „најблиските партнери“, откако Путин најави брзо признавање на независноста на сепаратистичките региони. Претходно, Шолц го предупреди Путин дека признавањето на проруските бунтовници би било „еднострано кршење на мировниот договор“, се вели во соопштението од кабинетот на Олаф Шолц.

И францускиот претседател Макрон изразил голема разочараност од одлуката на Путин и свика итен состанок на националниот Совет за безбедност.

По одлуката на Путин да ги признае сепаратистите, Обединетите нации предупредија дека „едностраните потези може да го поткопаат суверенитетот на Украина“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер напиша: „Со оглед на изјавите дадени на состанокот на Советот за безбедност на Руската Федерација, одржав итни консултации со Емануел Макрон и Олаф Шолц и свикав седница на Советот за национална безбедност и одбрана“.

Претходно украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повика Советот за безбедност на Обединетите нации „веднаш“ да одржи седница за заканата што ја претставува Русија за Украина.

Кулеба на Твитер напиша дека најмоќното тело на ОН треба да се состане „за да разговараат за итни дејствија насочени кон деескалација, како и практични чекори за гарантирање на безбедноста на Украина“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.