Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шолц: Нова динамика во евроинтеграцијата на Западен Балкан без попречувања од билатерални спорови

0
By Zoran Ivanov on March 27, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска при посеттата на Словенија изјави дека силно се залага за забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но дека сите што се надеваат на членство во ЕУ мора да бидат свесни дека тоа не е геополитичка одлука, туку процес кој е поврзан со конкретни реформски чекори.

Тој појасни дека тоа се однесува на решавање на билатерални спорови кои претставуваат пречка.

Ова се однесува, на пример, на прашањето како да се внесе живост во процесот со Северна Македонија, а да не го попречуваат спорови меѓу земјите-членки. Тоа важи и за прашањето Србија – Косово, а секако и за прашањето како да се продолжи со Босна и Херцеговина, објасни Шолц.

Тој додаде дека ЕУ сега нема само да стои настрана како набљудувач, туку конкретно ќе се обиде да постигне напредок во неопходните реформи во БиХ.

За сите кои се надеваат на членство во ЕУ, важи дека тоа не е процес на одлучување заснован на геополитика, туку процес кој секогаш е поврзан со конкретни реформски чекори. Ова важи за земјите од Западен Балкан, а се однесува сосема конкретно и за Молдавија, Украина и Грузија. И сите ќе помогнеме да се постигне напредок што е можно побрзо, рече Шолц.

Германскиот канцелар оцени и дека Берлинскиот процес, кој го воспостави неговата претходничка Ангела Меркел, се потврди како инструмент за зајакнување на конкретната соработка на Западен Балкан и најави дека оваа соработка ќе се интензивира за да се постигне напредок во целиот регион.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.