Германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево на „Твитер“ го поздрави гласањето на Собранието на Северна Македонија за заклучоците за францускиот предлог.
– Го поздравувам гласањето на македонскиот Парламент што го отвори патот за првите конференции за пристапување на Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас до крај, напиша Шолц.