Десетици илјади демонстранти протестираа во 60-тина градови во цела Шпанија, додека најголемиот протест беше во Мадрид, поради големата невработеност, мерките за штедење наметнати од владата но и нејзината корумпираност.
Тоа се и основните барања на протестантите, кои бараат да се намали невработеноста и да запрат мерките за штедење. Невработеноста изнесува околу 26%, но кај младите таа достига и до 50%.
Протестите се поддржани од повеќе од 150 организации, меѓу кои се активна улога имаат и синдикатите од скоро сите индустрии.