Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпекулации околу заминувањето на Папата Бенедикт 16

0
By Нова ТВ on February 24, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Папата Бенедикт 16. денеска последен пат ќе ја одржи молитвата Ангелус. Непосредно пред крајот на функцијата, во Италија врие од гласини дека папата заминува поради интриги во Ватикан, а не поради слабо здравје.

Дали Ватикан е место на интриги, злоупотреба на моќта и корупција? Пред Конклавата, која треба да го избере наследникот на папата Бенедикт Шеснаесетти, италијанските медиуми шпекулираат дека оставката на папата има пред се‘ врска со лошата состојба во Римокатоличката црква.

Државниот секретар на Ватикан Тарчисио Бертоне ги демантира официјално ваквите информации, а портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди предупреди дека медиумите вршат неодмерен притисок врз Конклавата, пренесува Дојче веле.

Дел од медиумите се обидуваат преку погрешни информации да профитираат од изненадувачката оставка на папата, се вели во Ватикан:

„Во најголемиот дел случаи судиите кои даваат остри морални пресуди воопшто немаат авторитет за такво нешто“, изјави Ломбарди, додавајќи:

„Кој во главата има пари, секс и моќ и го одмерува светот според нив, тој не е во состојба во црквата да восприема друго.“

Конкретен повод за теориите на заговор е скандалот Ватиликс и истрагата што тројца кардинали по налог на папата ја извршија во врска со скандалот. Бенедикт Шесанесетти бил наводно толку шокиран од завршниот извештај во декември и од размерите на интригите во Ватикан, што мислата за оставка му станала конкретна, известуваат повеќе италијански весници.

Наводно, папата има намера пред да си замине, во четврток да ги прими тројцата кардинали и да ги ослободи од нивната обврска за молчење. Нивниот извештај потоа, на 1 март може да биде разгледуван на собирот на кардиналите.

Ваквата вест е исто така демантирана од Ватикан.

Портпаролот Ломбарди меѓутоа потврди дека во понеделник папата ќе издаде декрет „моту проприо“ со кој на кардиналите по неговото заминување им се дава можност да одржат Конклава порано од планираното.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.